Ултра високиот облакодер, дизајниран од Роберт А. Штерн, повторно е предмет на рушење на рекорди…
Овој пат, еден купец одлучил себеси да си подари две единици од оваа зграда, кои заедно имале неверојатна вредност од 157,5 милиони долари. Ова е една од најскапите резиденцијални трансакции досега во САД, која стои веднаш зад купувањето на имотот Ворнер од страна на Безос за 165 милиони долари во Беверли Хилс и 238 милиони долари што Кен Грифин ги даде за четирикатен пентхаус.
Деталите поврзани со купувачот на овие резиденции останува во тајност. Анонимниот човек платил 82,5 милиони долари за стан на 60-ти кат и 75 милиони долари за станбена единица лоцирана веднаш над него. Голема е можноста за новиот сопственик да ги комбинира своите станови, создавајќи еден, поголем стан.
Оваа продажба доаѓа по втората голема трансакција во овој дел од светот, кога мистериозен купувач купи дуплекс пентхаус по цена од 100 милиони долари, а во спротивно, тоа претставува препродажба, каде продавачот заработил голема сума пари, бидејќи ја купи пониската единица по цена од 50,9 милиони долари, а горната за 51,4 милиони долари.
Судејќи според се, животот во овој облакодер станува статусен симбол сам по себе.


