Актерката Аманда Сејфрид одлучи да го продаде својот дом во њујоршкиот Гринич Вилиџ за 3,25 милиони долари.
Предвоениот стан во срцето на богатото предградие има само две спални соби и две бањи и се простира на површина од 147 метри квадратни. Ова звучи прилично скромно во споредба со она на што обично сме навикнати од домовите на славните, но овој стан е подеднакво неверојатен.

Дизајнерката на ентериер Анабел Селдорф создаде кујна и трпезарија со отворен план, што овозможува непречен проток меѓу просторите. Кујната вклучува централен остров, доволно простор за кабинети, како и апарати од висока класа. Преку ходникот има дневна соба со голем камин опкружен со класични бели полици.





Првично изграден во 1928 година и дизајниран од познатиот архитект од почетокот на 20 век, Емери Рот, апартманот се наоѓа на четвртиот кат од 12-катниот блок кој во 2011 година беше претворен од станови за изнајмување во луксузни апартмани. Самата зграда располага со 24-часовни консиерж услуги, уреден двор, тераса на покривот, фитнес центар, детска игротека и индивидуални складишни единици.Ѕвездата од „Mamma Mia“ купи стан во 2010 година за 1,9 милиони долари и оттогаш има две деца со сопругот и колегата актер Томас Садоски.
Семејството наводно се преселило на фарма со многу животни и живее во камена куќа изградена во стилот на 1920-тите.
