Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Актерката Лили Колинс го продаде својот дом во Беверли Хилс

Актерката Лили Колинс е една од главните sвезди на неодамнешниот Холивуд. Минатата есен, таа го освои целиот свет играјќи во серијата Емили во Париз (ако сеуште не сте ја виделе – хитно погледнете ја!), потоа ја објави свршувачката со нејзиното момче, режисерот Чарли Мекдауел, и сега – уште една голема вест со нејзиното учество: sвезда ја продаде својата вила во Беверли Хилс, која ја купи пред неколку години за 12,5 милиони долари.

Договорот е штотуку направен, деталите не се откриваат, но сумата е веќе позната: вилата со четири спални и пет бањи е продадена за 13,5 милиони долари. Еднокатната куќа од 465 квадратни метри се наоѓа зад ѕидот направен од црвени цигли и железни порти, северно од булеварот Сансет во прилично тивок дел, далеку од љубопитните погледи на јавноста.

Во дворот се наоѓа базенот со џакузи, градина со стакленик, како и тениско игралиште со мали трибини.

Самата куќа е дизајнирана од Џон Елгин Вулф кој изградил домови за многу sвезди како Кери Грант, Боб Хоуп или Џон Вејн.

Главниот влез води кон кружна сала со sидови покриени со познати тапети со лисја од банана (најдобро место за селфи, според Инстаграм на познатата актерка). Има пристап до дневната соба со камин, библиотека и бар/салон со огромен кружен светларник.

Покрај тоа, куќата има голема кујна и трпезарија, додадена во 1985 година, и голем гардеробер.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement