Популарниот R&B пејач Акон, ги претстави своите планови за создавање на нов паметен град во Сенегал, вреден шест милијарди долари …
Пејачот веројатно нема да биде осамен долго време, бидејќи неговиот проект ќе им овозможи на сите богати сограѓани, но и на многу Африканци во дијаспората, да работат и да живеат во висок стил. 47-годишниот американски музичар со сенегалско потекло, познат по хитовите „Smack That“ и „Lonely“, потврди дека изградбата на иновативниот и луксузен проект Akon City ќе започне следната година, и покрај глобалните ефекти на пандемијата врз туризмот. Метрополата со површина од 2.000 хектари, за прв пат најавена од Акон пред две години, ќе има неверојатен, луксузен ресорт, високи облакодери, музички студија, стадион, па дури и сопствена криптовалута наречена „Akoin“.
Оваа урбана оаза ќе биде напојувана од целосно чиста енергија, без сомнение режирана од иницијативата „Akon Lighting Africa“, одговорна за проширување и подобрување на проектите за соларна енергија во руралните области и целата нејзина мрежа, чијшто работен процес се потпира на центарот за податоци на вештачка интелигенција. Како што доликува на 21-от век, целиот град ќе поседува футуристичка естетика, придружена со најсовремена технологија. Bakri & Associates Development Consultants се одговорни за целиот проект за изградба и планирање, а главниот акцент е ставен на создавање гламурозни структури на градот, кои овозможуваат скоро надреално чувство на прв поглед, оставајќи впечаток сличен на рендерите во позадина од филм на Ридли Скот.
Акон Сити секако претставува многу повеќе од обичен споменик на егото на пејачот, бидејќи градилиштето ќе биде во неговата земја на потекло, каде го помина поголемиот дел од своето детство, пред да се пресели во Њу Џерси на единаесет години. Како што изјави популарниот музичар за Associated Press, целата идеја се заснова на стимулирање на локалната економија и создавање на повеќе од потребни работни места во Сенегал. Покрај тоа, пејачот истакна дека целиот град ќе служи како „свој дома“ за сите Афроамериканци и другите припадници на африканската дијаспора, соочени со неправди и тешкотии поврзани со добивање на разни дозволи за престој.
Очекувано, сенегалските власти целосно ги поддржуваат и ценат напорите на Акон додека инвестираат во нивната татковина, и покрај фактот дека овој африкански лав вртоглаво брза кон многу неизвесна економска иднина. Пејачот, кому секој во неговата земја му се обраќа со неговото вистинско име, на кој пишува Алиуана Тиам, има капитал од 80 милиони долари, но, како што тврди, тој веќе успеа да обезбеди една третина од целната бројка наменета за шест милијарди долари. Од друга страна, популарниот музичар одби да ги претстави своите инвеститори, потпирајќи се на клаузулите за чување тајни на нивните имиња.
Ако им се верува на гласините и изворите блиски до приказната, можеме да го споменеме кенискиот технолошки магнат, човекот кој стои зад сличен проект наречен Mwale Medica и Technology City, за кој се верува дека вложил четири милијарди долари. Ако ова е вистина, улогата што ја игра во градот Акон станува далеку позначајна, од повеќе од една причина. Според упатените, Мвал има долга историја на судски спорови и правни проблеми поврзани со отплата на долг, што во чисто математичка перспектива, дефинитивно може да му помогне на американскиот пејач да ги достигне своите цели, или барем да им се приближи.


