Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Автентичен хотел за спектакуларен одмор

Постојат голем број хотели во светот кои нудат интересни содржини на сите свои посетители…

Без разлика дали сакате да се опуштите и да уживате во една од најголемите светски метрополи или да копнеете за близок контакт со природата, светот на угостителството секогаш има ас во ракавот што може да го повлече само за вас. Доколку спаѓате во оваа втора група на луѓе, хотелот Kaiyuan Senbo е иновативно одморалиште во Кина, кое се состои од ложа во форма на мала слатка куќа од дрвја, вметната во прекрасен планински пејсаж.

Преземајќи ја природата како почетна точка, импресивното одморалиште им дава на своите гости можност да го пронајдат својот мир и удобност во нивниот дом или да започнат нова авантура низ природниот свет што ги чека надвор.

Секој сет се состои од пет или шест ложи, кои се наредени едни врз други како лего тули, додека на гостите им се достапни преку скали или патеки што ја пресекуваат целата структура. Централната надворешна тераса е фокусна точка за сите ложи и создава уникатен заеднички простор каде гостите можат да се поврзат и да се дружат, да уживаат во погледот и да се релаксираат во природната средина.

Одморалиштето нуди навистина автентично искуство на сите гости кои копнеат по мир и спокој, но сигурно ќе им се допадне на сите оние кои негуваат авантуристички дух.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement