Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Вака изгледа кога паѓа ЧОКОЛАДО од небо! Во гратче во Швајцарија падна чоколаден снег (ВИДЕО)

Жителите на швајцарскиот град Олтен беа изненадени од необична катастрофа кога почна да паѓа чоколаден снег.

Снегот од честичките во прав од какао беше расфрлан низ целиот град по дефектот во системот за вентилација во блиската фабрика за чоколади Линдт, јавува весникот „Јутарњи“ за текстот на Индипендент.

Фабриката Lindt&Spruengli ги потврди извештаите на локалните медиуми дека навистина имало мал дефект во системот за ладење во фабриката каде какаото се пече во нивната фабрика во Олтен, сместено помеѓу Базел и Цирих.

Овие парчиња печено какао се основата од која подоцна се прави чоколадо.

Во комбинација со силниот ветер, какаото во прав беше расфрлано низ фабриката, оставајќи зад себе слој на чиста чоколадна прашина.

Фабриката објави дека е подготвена да плати за миење на автомобили кои се покриени со какао, но досега никој не одговорил да ја прифати нивната понуда.

И покрај дефектот, производството продолжи нормално, а Линдт исто така рече дека правта воопшто не е штетна за околината и луѓето.

Во меѓувреме е саниран и системот за вентилација.

Прочитај

Advertisement