Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Топ листа: Раскошни хотели во кои уживаат најбогатите студенти во светот

Студенти на бројни светски факултети поминуваат осум месеци годишно пишувајќи трудови и припремајќи се за испитите во неверојатен ритам…

Нивниот зафатен живот, исполнет со грижи, обврски и притисок од сите страни ги наведува да ги поминат своите лета барајќи ги најдобрите и најлуксузни дестинации за одмор кои можат да ги пронајдат. Постојат некои критериуми за кои богатите студенти се придржуваат кога прават резервации за своите авантури, па со самото тоа бројни хотели во првиот круг излегуваат од листата на опции.

Совршена плажа, уште посовршена услуга и опкружување, ексклузивност и бројни други фактори можат да овозможат една дестинација да се најде на листата од желби на подмладокот на светската елита. Во овој текст откриваме десет главни дестинации кои тие најчесто ги избираат:

(1/10) The Four Seasons Resort, Bora Bora

Ова одмаралиште е одлика на совршениот одмор на плажа. Азурното небо, белите песочни плажи и кристално чистите сафирни води претставуваат само почеток за неверојатен и незаборавен одмор. Вистинската посластица која Бора Бора може да ви ја понуди е неверојатната природа, која само дополнително ги надоградува врвните предности кои ги нудат шармантните вили изградени над водата.

(2/10) Atlantis, The Palm, Dubai

Доколку некогаш се најдете во Дубаи, Atlantis Hotel ќе ви понуди неверојатна архитектура и километри преубави плажи. Темата на ова одмаралиште е морето, па содржи гигантски аквариуми на кои можете да се воодушевувате и хотелски соби со магичен поглед на морето. Тука можете да пливате со делфини и да го поминете денот во најголемиот аквапарк во Дубаи.

(3/10) The Amanyara Resort ,Turks i Kaikos

Убавина и оттуѓеност се најпогодните зборови кои можат да се употребат при описот на ова одмаралиште кое е скриено во шармантниот крај на островот Providenciales. Овде хотелските соби се отворени и прозрачни.

(4/10) Brando, French Polynesia

Триесет и петте приватни вили кои овде ќе ги видите се дел од едно од најлуксузните одмаралишта на светот, кое се наоѓа на приватниот остров кој некогаш бил во сопственост на познатиот глумец, Марлон Брандо.

(5/10) The Cocoa Island resort by COMO

Ова одмаралиште со своите триесет и четири вили не е близу плажата, туку во вода, а претставува совршено место на кое можете да се опуштите и да заборавите на сите свои грижи. После неколку дена на Малдивите, враќањето во реалноста ќе ви биде навистина тешко, но сепак ќе останете донекаде поврзани со помош на Wi-Fi конекцијата.

(6/10) Le Sirenuse, Italy

Le Sirenuse повеќе не асоцира на луксузна приватна вила отколку на раскошен хотел. Семејното одмаралиште се наоѓа во срцето на Позитано, декорирано е со врвни парчиња мебел и додатоци. Тука ќе можете да уживате во барот со остриги, терасата со неверојатен поглед и врвниот спа центар.

(7/10) Pink Sands Resort, Bahami

Доколку сте во потрага по место кое го посетуваат ѕвездите и сакате да ги споделите деновите од својот годишен одмор со нив, овој хотел е идеален за вас. Овде меѓу другите престојувале и Kate Moss, Kit Richards i Martha Stewart.

(8/10) Soneva Kiri Resort by Six Senses

Сместен на Тајланд, овој тропски рај нуди бројни можности, вклучувајќи и сала за уметност, библиотека и соба за музика. Исто така ви дава прилика да се запознаете со локалната култура и да се опуштите на плажите кои се со еден збор беспрекорни.

(9/10) Benguerra Lodge Resort, Mozambik

Ова одмаралиште има неверојатен поглед, а опкружено со песочни дини. Одморот овде вклучува тушеви на отворено, кревети со балдахини и морски специјалитети и морски специјалитети за ручек. Со тоа ви е загарантирана и тотална приватност.

(10/10) GoldenEye, Jamajka

Претходно во сопственост на Иан Флеминг, GoldenEye e совршено место за сите фанови на Џејмс Бонд. Славниот писател овде напишал дури четиринаесет романи за познатиот таен агент.

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...