Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Совршена доза на комфорт и луксуз во Hotel Almyra

Секој хотел и одморалиште дава се од себе за да создаде своја уникатна аура, која ќе ја одвои од сите други и ќе понуди нешто сосема уникатно за своите гости…

Хотелот „ Almyra“ во Кипар е реновиран од познатиот Танос Микаелидес, а сега на интересен начин ја претставува смирувачката и елегантна убавина на островот, со помош на нов и подобрен изглед, кој се фокусира на модерен стил. Идејата беше да се создадат пространи соби за гости и ентериери што ќе го направат престојот на целото семејство удобно и импресивно во исто време. За внатрешноста беше избран црно-бел минималистички изглед за да се постигне оваа цел.

Невидениот бел декор во ентериерот совршено одговара на овој хотел, создавајќи интересна интеракција со бујното зеленило што го опкружува и прекрасните бранови на синиот океан што не се далеку од него. Шармантните и пространи тераси им нудат на туристите одлично искуство на отворено, заедно со опцијата да уживаат во панорамски поглед.

Стилскиот декор и спојувањето на зелените патеки и два базени со ентериер, ќе им овозможат на гостите оптимална доза на удобност. Софистициран, но сепак блиску до природата, овој хотел е вистински мелем за вашите очи, умот и душата.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement