Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Посетете го срцето на Европа во пустина

Кога некој би ве прашал кое е вашето омилено место на нашата планета, што би му одговориле?

Поточно, дали би избрале само едно место? Како да ја изберете Швајцарија наместо Шведска, Венеција или Германија? Па, доколку не сте сигурни што би правеле во таква ситуација, ви предлагаме да го посетите Дубаи во најблиска иднина, бидејќи таму се наоѓа градот – The Heart of Europe – амбициозен проект базиран на шест острови кои во себе го содржат најдоброто од Европа.  Овој туристички остров е вреден пет милијарди долари и дело на Kleindienst групација и се наоѓа на пет километри од обалата на Дубаи. Мега-проектот може да собере 16.000 туристи, нудејќи неверојатен луксуз, како и најдобра култура, гастрономија и гостопримливост во Европа, преку одморалиштата, кафеаните, баровите и забавните центри.

Во глобала копното на овој проект се уште не е завршено, но според информациите, целиот проект би требало да биде комплетиран до крајот на ова година. The Heart of Europe се состои од Sweden Beach Palaces, Germany Villas, Honeymoon Island, Portofino Hotel i Cote d’Azur Resort delova.

Germany Villas се состои од преубави вили на плажа инспирирани од Bauhaus стилот со бројни интересни детали кои се својствени за Германија. Гостите може да уживаат во германските карневали, божиќните пазари и фестивали.

Sweden Beach Palaces, содржи девет вили на четири ката над вода, кои се опремени со теретани, сауни и снежни соби, со просторија со стаклен кров на самиот врв.

Seahorse Floating Villas hotel е со седум ѕвезди, претставувајќи го St Petersburg Island, место за романса и одмор. Овде може да се одржат венчавки, бидејќи амбиентот е беспрекорен.

Венецијанскиот дел од овој проект се состои од четири платформи исполнети со луксуз, каде еден од нив нуди подводно ниво на лоби, спални соби и ресторани, кои ви даваат можност да уживате во панорамскиот поглед кон океанот. Тоа е всушност првото подводно одморалиште кое нуди превод со гондола, јахти, подводно искуство и нерверојатна забава, вклучувајќи карневали и оперски перформанси.

Европа секако не може да биде комплетен без Швајцарија, а овој простор е инспириран од швајцарските езера. Со неверојатен поглед на вода и пристап на беспрекорни плажи, ова место дефинитивно асоција на Швајцарија.

Cote d’Azur Resort во целата приказна внесува дел од Франција, поточно Монако, Ница, Кан и Сан Тропе. Бутик хотели кои се наоѓаат, а се инспирирани од веќе споменатите градови, содржи вкупно 839 апартмани.   Monaco Cote D’Azur Resort, ќе ги освои вашите срца со раскош, совршена декорација, врвни модени бутици, бели песочни плажи.

Исто како и оригиналните Портофино села на италијанската ривиера, ова одморалиште е прв и единствен фамилијарен хотел со пет ѕвези. Своите гости ќе ги импресионира со шарени градби, високи градини од преко 31.000 билки, олимписки базен и детски клуб.

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...