Постојат некои места на нашата планета, кои едноставно содржат повеќе маѓија од останатите. Еден од нив сигурно е Маракеш…
Можност да уживате во мир и тишина, во прегратка со своите сакани, на 15 хектари бујно зеленило, далеку од гужвата и метежот, е едно од нештата кои ви ги предлагаме овој пат. Еден локалитет во Маракеш, ќе ви дадем можност повторно да доживеете романтични моменти во еден од неговите луксузни вили, со пространа тераса.
Станува збор за одморалиштето Amanjena, кој е инспириран од архитехтурата на стариот град Маракеш и Менера градините од 12-от век. Грациозната архитектура на Мароко се рефлектира во секој агол од овој имот – преку градините, заоблените плафони, па се до ѕидовите во земјени тонови. Павилјон со пет ѕвезди кои ги нуди ова одморалиште, ви дава на располагање дури 220 метри квадратни чист луксуз.
Гостите можат да уживаат во звукот на водата која тече низ фонтаните, додека се опуштате на лежалките опкружени со интересни фенери. Само еден чекор ве дели од внатрешниот Piscine апартманот, во кој ќе се почувствувате како благородник на пуст остров. Веднаш овде се наоѓа и огромниот базен во кој можете да уживате засекога, а она што го прави совршен е фактот дека може да се спои со патеката за влезната врата.
Доколку пак сакате да уживате во приватност, овде можете да добиете сопствен базен со топла вода, како и приватна градина. Собите се опремени со king-size кревети, мароканска кожена работна маса и столици од дрво од вишна, додека купатилата се луксузно дизајнирани со Ouarzazate зелени мермерни детали.
Овде ви се на располагање и двојните умивалници, градероберот и одвоените тушеви. Во текот на мароканските вечери, можете да уживате во чаша вино од вашиот приватен бар.




