
Сместен е во преубавиот дел на Парис, Palais Royal, окружен со неверојатно култура, архитектура и гастрономија, шармантниот хотел Grand Hotel du Palais Royal, ќе Ви понуди незаборавно уживање во парискиот романтицизам…
Веднаш после пристигнувањето во центарот на Парис, доколку го посетите вој хотел ќе сватите дека тоа е веројатно најдобрата одлука што некогаш сте ја донеле. сместен е во градбите од 18 век, во неверојатниот дел на Европската престолнина, овој хотел ќе ги ,,размази” своите гости.
Самиот по себе , овој хотел е знаменитост без сомнение кој вреди да се посети. Гостите можат да уживаат во прошетка низ Лувр, да се посети театарот Comedie Francaise, или пак познатите градини Saint Honore & Tuilerie, како преубави локалтети кои се во неговата непосредна близина.
Уживањето во француските кулинарски специјалитети е генијално искуство само по себе, но кога уживате во преубавите јадења и затворената градина со прозорци, ќе сватите дека ресторанот Le Lulliе она што целиот свој живот сте го барале. Главниот кувар , Klement le Norsi, е тој кој ги одбира вкусовите и аромата со кои ќе ги воодушеви гостите, при што превкусните и здрави, органски производи ги претвора во магични вкусови.
Хотелот Grand Hotel du Palais Royal, ќе ве импресионира со своите луксузни спа центри, кои ги користат производите Carita wellness, и имаат две соби за третмани, салон за убавина и турско купатило. Ако сте активен тип, овде можете да уживате во одличниот фитнес центар со кој располага овој хотел.
На крај, да донесеме заклучок. Овој хотел Ви нуди неверојатна авантура на откривање на историјата на Франција во својот ентериер, кој е сместен во центарот на градот, во делот на романтичните души. Што и да посакате , овде можете да го најдете, се се подготвено и се чека само на Вас.



















You must be logged in to post a comment Login