Datai Langkawi одморалиштето прв пат ги отвори своите врати во 1993 година, а се смета за едено од најмаѓичните eko-friendly места во целиот свет…
За да го задржат веќе постоечкиот шарм, а истовремено додавајќи нови детали за луксузот, ова одморалиште е реновирано и претворено во гламурозно место, што сигурно ќе ве маѓепса. После неколку година од реновирање и инвестицијата од 60 милиони долари, Datai Langkawi сега има 121 соби, секоја со префинет ентериер, кој е во совршена хармонија со убавината што ве чека надвор од одморалиштето. Архитектот Диди Лефорт е човекот кој стои позади реновирањето, а кој незабележливо ги отстрани застарените детали и внесе чувство на „зелена“ енергија во ова одморалиште.
Некои соби се дел од колекцијата Canopy, а се истакнуваат поради фактот што тие нудат поглед кон бујната шума. Овде се и Rainforest вилите со infiniti базени, сместени длабоко во џунглата, заедно со вили на плажа, кои исто така имаат свој базени и батлер, а се наоѓаат веднаш на плажа.
Сепак, круната на овој имот е Datai Estate, кој се протега на 3.500 метри и доаѓа со три простории за прием, пет спални соби, личен батлер, како и пристап до два поврзани базени.
Што се однесува до другите понуди, овде има места за вечера и уживање, како што се The Dining Room, The Beach Club, The Beach Bar и Lobby Lounge, со отворен простор и поглед кон морето. Ова одморалиште нуди и спа центар, покрај Nature Centre кој ви дава можност за ноќни прошетки и други забавни авантури.





