На далеку од северот на Шведска, во градот Харадс, постои веројатно еден од најнеобичните хотели во светот.
Имено, таа се состои од неколку специјални куќи, кои се наоѓаат во шумата, на врвот на крошните дрвја.
Постојат неколку такви пансиони, во форма на НЛО, транспарентно огледало-коцка, гнездо на птица…
Специфичната туристичка атракција постои од 2010 година, а брачниот пар Линдвал дошле до изворедна идеја, сакајќи нивните посетители да заборават на временските ограничувања во секојдневниот живот и да уживаат во спокојството.
Комплетно функционалните соби на крошните дрвја се модерно опремени, а погледот од секоја од нив се протега со прекрасната, недопрена природа.
Собите се издигаат на 4-10 метри над земјата, а секоја куќа за гости има мост или скриени електрични скали, што водат до нејзината внатрешност.
Главната цел на овој вид хотел, според дизајнерите, е хармонија со природата.




