Во светот не постојат голем број на сопственици кои би инвестирале 250 милиони долари како би креирале уникатно искуство за своите гости…
Но сепак, за дон Карлос Пелјас, Mukul е многу повеќе од прв луксузен хотел и спа центар во Никарагва. Ова одморалиште со гордост ја рефлектира неговата семејна традиција која се пренесува од генерација на генерација, па секој гостин се третира како дел од Пелјас семејството. Можеме слободно да кажеме дека ресортот кој зафаќа 1.670 хектари нуди апсолутно најдобри услуги и комфорт.
Во понудата има 37 соби за гости, а секој од нив е опремен како раскошна приватна вила, вклучувајќи раскошни апартмани со шест спални соби, како и вили на плажа со две спални соби. Сместен на обалата во Никарагва, ова одморалиште е опкружено со бели песочни плажи и тиркизно плава вода, нудејќи на своите посетители неверојатен поглед кон океанот и беспрекорни услуги.
Покрај уживање во беспрекорниот амбиент на одморалиштето, овде можете да уживате и во бујната убавина на природата. Доколку сакате да уживате во смирувачка атмосфера, Spa Mukul ви нуди шест искуства во шест различни привани спа ложи. Овде можете да дозволите преубавата природа и третманите да ве опуштат и ревитализираат во целост. ВО случај доколку перферирате одмор исполнет со активности, знајте дека ве очекува шетање низ прашумата и долж плажата.
Освен тоа, овде е и Guacalito голф терен со 18 дупки, кој е совршен за партија со вашите пријатели и уживање во величествените гастрономски понуди.















