Хималајскиот планински ланец ги содржи некои од највисоките врвови на нашата планета, а некои дури може и да се наречат поимпозантни од вториот највисок врв во Индија, Нанда Деви…
Сместен во срцето на планинскиот венец, малиот бутик хотел во Утараканд се наоѓа на 1600 метри надморска височина, а на своите гости им дава прилика да уживаат во навистина неверојатниот поглед. Наречен The Kumaon, ја зазема највисоката точка на мирната населба Касер Деви недалеку од градот Алмора. Стазата која ве води до самиот хотел е импресивна како и тој. Дизајниран од страна на студиото Zowa Architects, овој хотел со колоквијален дизајн и локално добавени материјали, нудејќи современ комфор е волшебно место за криење од секојдневието и бегање од реалноста.
Хотелот има три различни нивоа, при што едното содржи величенствена ложа, спа, библиотека и други сервисни простории, заедно со десет соби за гости. Главниот дел на хотелот е неверојатен трпезариски простор од кој можете да уживате во неверојатните погледи на долината и селото, заедно со погледот на најимпресивниот планински венец во светот. Кога конечно ќе падне ноќ, ќе имате прилика да уживате во неверојатниот поглед на ведрото небо со милиони ѕвезди, каков што не може да доживеете никаде во урбаните средини.
Што се однесува до материјалот, за изградба на одмаралиштето првенствено е користен бамбус, заедно со локални цигли и бетон кои му даваат рустичен изглед. Боровото дрво и гранитот претставуваат завршни детали, поради кои хотелот одлично се вклопува во своето магично опкружување.
Покрај тоа, сите структури кои го сочинуваат овој хотел имаат системи за собирање на дождовница, додека хотелскиот персонал се грижи за садење на сезонски култури на терасовидни делови, кои ги користат и во нивниот ресторан.










