Активниот вулкан Аренал во Костарика, звучи малку опасно или претекува, но вистината е нешто сосема поинаку…
Костарика малку наликува на тропско игралиште, поради кое ќе се заљубите во оваа земја. Патниците ќе бидат изненадени од бучните водопади, длабоките заливи кои сигурно би Ви био предизвик да ги откриете, а на крајот од денот кога ќе ги откриете Ве советуваме да го посетите познатиот хотел Нијагара Спа& Гарденс
Сокриено длабоко во Вулканот Аренал, каде природата Ве дочекува со неверојатно окружување и погледи , овој спа центар е нешто сосема поинакво од останатите.Диви и слободни, без никакви ограничувања кои ги поставил човекот, местото каде што се наоѓа овој хотел не потсеќа на она време кога луѓето ја почитуваа својата околина и се воодушевуваа на неа, наместо да градат огромни бетонски конструкции.
Земајќи го сето ова во предвид, изградбата на овој хотел е направена со користење на локални материјали кои биле на вистинскиот потег за зајакнување на локалната економијаи да ја заштитат чувствителната еколошка рамнотежа. Без оглед на се, посетителите на овој хотел ќе бидат воодушевени од луксузот и прекрасниот декор кој ќе ве дочека во хотелот. Дали тропските градини, џакузито и wi-fi и уште многу други убавини ќе ви бидат доволно привлечно да го посетите овој хотел?
Кога ќе стигнете во ова одмаралиште ќе се соочите со тешка одлука- дали да останете внатре во него или пак да лутатате во неговата околина? Што и да одлучите да правите , Вие ќе бидете среќни. Иако секоја соба на овој познат и луксузен хотел изгледа одлично, од гостите се очекува да одат и да уживаат во животната средина, која е уникатна и не постои никаде на друго место во светот.
АКо сте љубители на авантура, тука ќе можете да јавате коњи, да пловење со сплавови и многу други бројниактивности кои ќе Ви направат да се чувствувате среќни и исполнети. Доколку вистински сакте да се опуштите тука се локалниот извор, гејзерот, прошетка низ шумата. се до вулканот.
Кога ќе падне ноќта и тоа за вечера, можете да одберете еден од трите омилени ресторани во овој хотел, а во текот на целиот ден можете да уживате покрај базенот или на било кој третман во феноменалниот спа центар.





















You must be logged in to post a comment Login