Земјата со неверојатна култура, повест и традиција, со сигурност и ова лето ќе биде популарна дестинација…
Eдна од главните работи кои ги привлекуваат многубројните гости од целиот свет е преубавото крајбрежје и разните острови од кои секој е единствен на различен начин. Грчката национална туристичка организација веќе неколку години води евиденција за најпосетените плажи, впечатоците на гостите и природните убавини, па така е составена оваа листа од 10 најубави плажи во Грција.
1. Balos, Krit – Песочниот пејзаж во допир со тиркизно синото море, опкружен со планини во чија близина се наоѓа мистичен дворец го заслужува местото број 1. на оваа листа.
2. Sarakiniko, Elafonisos – Сместена на овој мал остров во близина на Пелопонез пружа потполно уживање, чија морска вода е прогласена за една од најчистите.
3. Navagio, Zakintos – Една од оние кои се наоѓаат на многубројни разгледници и фотографии е токму оваа плажа до која се стига со чамци и бродови. Белиот песок, сината вода и вертикалните карпи ќе го остават секој посетител без здив.
4. Egremnoi, Lefkada – Преубавите пејзажи и кристално чистото море ја прават оваа плажа една од најпосетените како на Лефкада, така и во цела Грција.
5. Myrtos, Kefalonija – Пред неколку години токму оваа плажа беше прогласена за најубава од страна на туристите и Министерството за туризам на Грција. Фантастичната вода, светло белите камчиња и стрмните карпи го сочинуваат бисерот на западното крајбрежје на Кефалонија.
6. Finikas, Kato Koufonisi – Со локација на Егејското Море на вистински начин ја претставува убавината на овој регион. Сместена во потполно мирен амбиент ќе го направи секој одмор совршен.
7. Plaka, Naxos – Се наоѓа на овој прекрасен остров во близина на градот Наксос и претставува една од најдолгите плажи во Грција.
8. Paradise, Kos – Со преубави камења и бел песок оваа плажа е сместена на совршена локација на островот Кос. И покрај гужвите на оваа плажа забавата и уживањето се загарантирани.
9. Porto Katsiki, Lefkada – Сигурно една од најпознатите и најубави плажи на овој остров. Ќе го маѓепса секој турист со единствената боја на морето и брановите во чија вода ќе се впуштат само оние најхрабрите.
10. Elia, Mikonos – Најголемата плажа на овој остров е всушност оваа, во чија близина се наоѓаат многубројни луксузни хотели и спа центри, како и бунгалови, ресторани и барови на самата плажа кои ќе го надополнат уживањето на оваа локација.











