Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најдобрите плажи во Латинска Америка

Познати по своите тропски околини, не е големо изненадување да дознаете дека има одлични плажи кои изобилуваат во Латинска Америка.

1. Ипанема




Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Една од најпознатите плажи во Бразил поради одличните води за сурфање и огромната површина на која се протега.

2. Тајрона




Каде: Колумбија
Зошто да ја посетите: Ова е еден преубав природен резерват кој има многу што да понуди. Помеѓу своите преубави песочни плажи и кристално чистата вода невозможно е да не почувствувате исполнето со магија, убавина и спокојство.

3. Канкун




Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Ова е еден од најлуксузните туристички градови на Карибите. Тука ќе најдете неверојатни прекрасни плажи, луксузни хотели и одлична храна и специјалитети исто како и одлично воспоставен баланс помеѓу природата и цивилизацијата и ноќниот живот.

4. Плаја дел Кармен




Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Ова е една од најпосетените плажи во Ривиерата. Тука ќе ја најдете познатата Quinta Avenida, што претставува мора-да-се-види! локација. Quinta Avenida тече паралелно со мексиканскиот брег и изобилува со ресторани, барови, продавници за облека, туристички агенции и едноставно се’ што ви треба за вашиот престој на Плаја дел Кармен да биде незаборавен.

5. Роатан




Каде: Хондурас
Зошто да ја посетите: Тука ќе најдете се’ што ви треба за да го имате најспектакуларниот и релаксирачки одмор истовремено. Во прилог на своите прекрасни бели песочни плажи, ова местенце е опколено и со тропски џунгли, а Роатан има и волшебен, уникатен, корален гребен кој ќе морате да го видите за да поверувате дека постои.

6. Малпаис




Каде: Коста Рика
Зошто да ја посетите: Позната е како совршеното место за сурфање – иако оваа плажа е повеќе како скриено богатство бидејќи не е дел од Гуанакасте и транспортот е ограничен. Но оние кои сепак ќе се одлучат да ја посетат, ќе сфатат дека плажата е достојна за да се потрудите да стигнете до неа.

7. Монтерико




Каде: Гватемала
Зошто да ја посетите: Позната како најдобрата плажа во Гватемала, овој рај со цр песок е местото кое не смеете да си дозволите да го пропуштите доколку патувате во земјата на вечната пролет. Покрај уникатната вулканска боја на песокот, плажата е исполнета со одлични ресторани и забавен ноќен живот.

8. Сан Андрес




Каде: Колумбија
Зошто да ја посетите: Совршените песоци, мирната вода без бранови ја прават оваа плажа оаза за секој кој е во потрага по целосен мир и релаксација. Исто така овој остров има совршено време и клима, а персоналот во хотелите на него ќе ве третира како да сте член на кралското семејство. Што повеќе ви треба?

9. Тулум плажа




Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Оваа спектакуларна плажа е мешавина од бел песок и кристално чистите води – и истовремено е археолошки локалитет за Маите. Тулум е прекрасно место за туристите кои сакаат да се релаксираат и да уживаат но и да научат нешто за културата на Маите.

10. Барра да Лагоа




Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Доколку сакате да се релаксирате преку целиот ден и лудо да се забавувате преку целата ноќ тогаш ова е совршеното место за вас. Преку ден уживајте во прекрасната плажа опкружена со зелени површини и светло сина боја додека го чекате зајдисонцето во сите можни бои. А потоа можете да излезете и да уживате во реге музиката во било кој од локалните барови.

11. Анакена



Каде: Чиле
Зошто да ја посетите: Оваа прекрасна малечка плажичка, исполнета со бел песок и школки не само што ги привлекува туристите поради своите волшебни пејсажи: Анакена е дел од Рапа Ниу, каде што можете да уживате во прекрасните специјалитети и убавина, но уште поважно – тука има уникатни и посебни скулптури кои датираат од дамнешно минато.

12. Литл Корн Ајленд




Каде: Никарагва
Зошто да ја посетите: Ја нарекуваат една од најдобро чуваните тајни на Карибите. Ова е совршеното место за одмор. И покрај фактот дека ова островче е непознато за многумина, околните хотели се познати по најдоброто угостителство и услуги на целиот свет. Овде единстевната грижа ќе ви биде колку сонце да впиете за време на денот.

13. Баиа до Санчо




Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Оваа плажа е прогласена за една од најдобрите плажи на светот. Во прилог на своите чудесни нијанси на тиркизната вода, оваа плажа има и неверојатни корални гребени и спокојство кое можете да го почувствувате во воздухот. Што ја прави оваа живописна плажа уште понеодолива е фактот дека за да стигнете до неа ќе треба навистина да се потрудите. Но еднаш кога ќе стигнете, ќе сфатите дека се исплател патот.

14. Баиа дос Поркос




Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Поради прекрасните панорамски погледи кои се неспоредливи. Овде ќе го пронајдете совршениот баланс на природата и релаксирањето.

15. Араиал до Кабо




Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Оваа плажа се смета за една од најегзотичните и најуникатните во цел Бразил. Нејзините тиркизни води, бели плажи и самата локација ја прави оваа плажа да изгледа како реална опиплива разгледница.

16. Кабо Сан Лукас




Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Кабо Сан Лукас е позната по забавите, а особено ноќните. Ноќниот живот е она што најмногу ги привлекува туристите, но прекрасната плажа е она што ги прави овие забави толку магични и неодоливи.

17. Бокас дел Торо




Каде: Панама
Зошто да ја посетите: Со флората и фауната каква што не постои на ниту едно друго местенце на планетата, ова е совршено место да заминете за да се пронајдете себе си. Исто така е и една од најдобрите дестинации за нуркање на светот. Зајдисонцето на Бокас дел Торо е неспоредливо со било кое друго на светот.

18. Пунта дел Есте




Каде: Уругвај
Зошто да ја посетите: Едно од најнеописливо волшебните места на целиот овој свет, оваа плажа обезбедува совршена комбинација од добар ноќен живот и кристално чиста вода. Ова спа-градче е наречено Сен Тропе од Латинска Америка – поради своите исклучително екслузивни забави и бидејќи плажата е совршена за сончање и сурфање.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
rexbet   rexbet   rexbet   betebet   betebet   süperbet   süperbet   betebet   betebet   betebet   betebet   holiganbet   holiganbet   meritking   meritking   onwin   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   casibom   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom