Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најдобрите дестинации кои морате да ги посетите оваа година

Доколку навреме сакате да го испланирате Вашиот одмор, Ви предлагаме неколку дестинации…

Од историските знаменитости па се до атракциите на модерното време, од планински летувалишта па се до крајбрежните одмаралишта, Ви предлагаме неколку дестинации кои според нас се најдобри за Вашиот одмор оваа година. Сеедно дали сакате повеќе авантура или пак релаксација, со помош на нашата листа ќе можете да се одлучите каде би го поминале Вашиот одмор.

10. УБУД-ИНДОНЕЗИЈА

Помислете на бескрајни полиња со ориз, мајмуни и скриени спа центри и културни споменици- тоа накратко би било она што го нуди Убуд. Ако сакате место кое е мирно и тивко, Убуд е идеална дестинација за Вас. За оние кои сакаат и авантура покрај одморот, тука постои можност за рафтинг на реката Ayung или пак пешачење покрај активниот вулкан. Како вистинска комбинација на интересни детали и занимливости, Убуд се наоѓа на 10 место на нашата листа со предлози.

9. ЊУЈОРК- САД

Њујорк има нешто што посебно во него и прави да се заљубите во него. Шопингот во познатите бутици на Петта Авенија, панорамата на Менхетен од кој сите се восхитуваат, Центарл Парк и посетата на иконското Emoajer State Building , како и статуата на слободата во Њујорк се само дел од знаменитостите по кои Њујорк е познат во изминатите години. Не е чудно што Френк Синатра го круниса овој град како најдобар во светот. Посетете  го и уживајте.

8. ХАНОЈ- ВИЕТНАМ

Ако имате авантуристички дух и сакате тој да се разбуди во Вас, тогаш посететго Виетнам.Езерата , парковите, булеварите, повеќе од 600 храмови и падови чекаат на Вас. Задолжително посетете го и заливот Халонг, кој се наоѓа во близина на Ханој, и имате можност да уживате во погледот на малите острови.

7. РИМ -ИТАЛИЈА

Доколку уживате во прошетки, Рим секако мора да се најде на Вашаат листа. Шетајќи по тесните улички од калдрма ќе се восхитувате на уметноста, културата и архитектурата која ја нудат. Овој град е преполн со плоштади, отворени пазари и антички урнатини и секако тука е и познатиот Колосеум. Посетата на Рим секако не би била комплетна без посета на Ватикан, базирана на Свети Петар и музеите како и ремек делата на брилијантните умови како што е Микеланџело.

6. ПРАГА -ЧЕШКА

Шести град на нашата листа е Прага, град кој има богата историја. Прага е позната по своите историски и културни знаменитости, многубројните барокни згради, синагоги . За оние кои не се љубители на историјата, Прага нуди голем број на клубови и вино барови, кои ќе ги задоволат нејзините посетители.

5. СИЕМ РИП-КАМБОЏА

Ова место мора да се најде на Вашата листа на приоритети. Тој е нешто како портал на античките времиња, со величествениот Ангкор Вата, малите и преубави села, ретките птици и сите други елементи кои се неопходни за квалитетен одмор-луксузни хотели, бањи и ресторани. Ова е местото во кое може да се ужива и да во секој момент и да Ви остане во сеќавање секој поминат миг во ова место.

4. ПАРИЗ-ФРАНЦИЈА

Оваа година Париз се најде на четвртото место на листата. Како светска престолнина на љубовта, модата ,гастрономјата и  културата, Париз е високо рангиран на листата заради познатата Ајфелова кула, Триумфалната капија, Нотр Дам катедралата. Чувствувајте ги сите искри кои ви ги нуди овој град низ прошетките по неговите улици, во неговите скриени и модерни кафе барови. Кога станува збор за шопингот, дел од парчињата кои ги има во овој град не може да ги најдете на ниту едно друго место, освен во Париз- без оглед дали станува збор за брендирани  или небрендирани парчиња облека.

3. МАРАКЕШ-МАРОКО

Дом на џамии, градини и палати , средновековниот град со својот лавиринт Ви нуди неверојатна возбуда на секој чекор. Понудата на текстил, грничарски предмети, накит, храна и многу други работи, Мароко привлекува разни видови на туристи. Уживајте во овој град , тука би се разбудиле Вашите сетила за звук и боја.

2. ИСТАНБУЛ-ТУРЦИЈА

Раздвиженоста и шареноликоста е одлика на овој град како и спојот на стари и современи елементи. Тука се наоѓаат џамии стари и по неколку векови, многу модерни ресторани и галерии. Посетата на турскиот амам целосно ќе Ве ослободи од замор и грижи. Овој град е исполнет со минариња, византиски цистерни и други детаљи, а она што морате да го видите е Топкапи палата , која е дом на султаните и нивните сопруги.

  1. ЛОНДОН-ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Оваа година Лондон се наоѓа на првото место на листата на најдобри дестинации. Неговите знаменитости се познати насекаде, како што е Лондонското око, Музејот Мадам Тисо-восочен музеј, крстарењето на реката Темза. Посетата на Бакингамската Палата е неизбежна доколку се наоѓате во Лондон. За љубителите на шопингот ,тука е и познатат Оксфорд стрит која е вистински рај. При негова посета задолжително пробајте дел од неговите традиционални јадења.

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement