Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Местото најблиску до рајот – Cancun, Mexico

Cancun важи за “град кој што никогаш не спие” или место “најблиску до рајот” …

Само по неколку поминати дена  во овој град ќе сфатите – не претеруваат. Бидејќи, во Канкун, морето е навистина тиркизно како на фотографиите, плажите се бесконечно долги со речиси бел песок, вода пријатна за капење, незаборавен ноќен живот, љубезен персонал во хотелите и трговските центри.

Постојат неколку трговски центри во градот во кои може да се најде по нешто за секого – од сувенири кои чинат 10 долари па се до луксузни производи од светски познати производители. Најдобри меѓу трговските центри  домаќините го сметаат трговскиот центар “La Isla”, кој наликува на Венеција бидејќи е направен на вода.

Во Националниот парк Tulum се наоѓа истоимениот град на Маите.Tulum, што значи ѕид на јазикот на Маите , опкружен е од три страни со ѕидови високи 6 метри, со пет порти, додека четвртата страна е на отворено море. Ова инаку е реткост, бидејќи Маите не ги бранеле своите градови со ѕидини. На југозападниот и северозападниот крај на ѕидот,  изградени се кулите за набљудување. Во близина на северниот ѕид се наоѓа светото езеро – Сенота, од кое жителите се снабдувале со вода за пиење.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement