Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

LVMH донира 5 милиони евра за помош на Украина

LVMH Group има 150 вработени во Украина на кои им обезбедува значителна финансиска и оперативна помош.

Групацијата LVMH, која ги вклучува брендовите Loewe, Louis Vuitton, Dior, Givenchy, Celine, Kenzo, Fendi, Guerlain, Marc Jacobs, Chaumet, Thomas Pink, Tiffany & Co и Bulgari, штотуку објави изјава на својот Инстаграм профил, изразувајќи длабока загриженост за трагичната ситуација во Украина.

Првата грижа на компанијата LVMH е безбедноста на нејзините 150 вработени во Украина, на кои веќе им пружа значителна финансиска и оперативна помош за да им помогне во овој момент низ кој поминува земјата и со тоа да ја зајакне нивната безбедност и безбедноста на нивните семејства.

Денес, LVMH, исто така, одлучи да ја направи првата итна донација од пет милиони евра за поддршка на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да им помогне на директните и индиректните жртви од овој конфликт.

Покрај оваа директна донација, Групацијата започна и кампања за собирање средства за поддршка на (CICR – Меѓународен комитет на Црвениот крст) за да се овозможи придонес од сите вработени во Групацијата и нејзините 76 модни куќи.

Фондот за срце LVMH, лансиран во 2021 година како платформа за поддршка на своите вработени, е специјално активиран за да може да ја обезбеди сета финансиска и психолошка поддршка на оние кои се директно погодени од овој конфликт.

Во соопштението се заклучува со наведување дека Кризниот комитет на Групацијата LVMH постојано ја следи состојбата и доколку има потреба ќе ги приспособи мерките.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement