Заштитните маски ќе бидат неопходен дел од секојдневната опрема за времето што доаѓа. И додека научниците истакнуваат дека најдобри се оние маски кои имаат повеќе слоеви и дополнителни филтри, LG одлучи да направи „личен пренослив прочистувач на воздухот“.
Станува збор за уред PuriCare, кој на прв поглед личи на технолошки напредна заштитна маска, но е многу повеќе. Ги решава проблемите на домашните маски со недоследен квалитет, но и недоволната достапност на маски за еднократна употреба затоа што користи два филтри H13 HEPA кои се слични на оние што се користат кај големите прочистувачи на воздухот.

Двослојните преносни вентилатори за прочистување на воздухот на LG им овозможуваат на корисниците да дишат чист филтриран воздух, додека вградениот, патентиран респираторен сензор го открива циклусот на дишење и волуменот на здивот на корисникот. Вентилаторите автоматски се забрзуваат за да помогнат при вдишување на воздухот и да забават за да се намали отпорот при издишување, што заедно го олеснуваат дишењето.
