Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Јапонски начин за луксуз и спокој

Aman е името кое е синоним за мир, спокој и велнес центар…

Сето тоа може да се види во нивните одморалиште, без разлика дали станува збор за егзотични дестинации или метрополи. Нивната најнова понуда претставува вистински рај во снежните врвови на јапонската Нисеко област сместена во Хокаиду.

Користејќи пет елементи како основа, Aman уште еднаш ќе се стопи со локалната флора и фауна, со јапонски стил на живот, креирајќи омаш, односно традиционално место. Самиот имот, кој ќе биде отворен во 2023 година, се простира на површина од 460 хектари и содржи триесет соби. Тоа ќе биде првиот спа и велнес ресорт во Јапонија. Покрај тоа, Aman ќе понуди 31 брендирана резиденција која ќе биде достапна за купување, а наменета за оние кои сакаат да бидат дел ов ова маѓично опкружување секојдневно.

Ресортот нуди величенствен поглед кон планините Јотеи и Моива од удобните ложи со камин, дрвен ентериер и прозори од под до плафон. Специјална двоспратна куќичка ќе ви понуди забава за децата, со разнолични активности кои ќе ја разбудат нивната имагинација и интерес. Спато ќе соржи поединечни и двојни апартмани за третман, ложа за уживање пред третманот, капсули за релаксација и третман со Watsu комори, финска сауна, хамам…

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement