Залутајте во романтичниот,старински шарм кој владее низ Венеција.Уживајте во мирното патување со гондоли низ Венеција, не го одвојувајте погледот од Дуждовата палата, погледнете како се прави муарно стаклото на островот Муарано…
Постојат 9 работи кои треба да ги направите при следната посета на Венеција за да ја доживеете Венеција:
1. Посета на Бурано
Оддалечен 40-тина минути со брод, Бурано е тивко селце кое е познато по куќите во светли бои и автентичноста, рачно изработена чипка која има вртоглаво високи цени, но е вредна за секое дадено евро.

2. Поглед на Дуждовата палата
Повеќе од милиони туристи ја посетуваат Дуждовата палата, некогашниот дом на врховната власт кога Венеција била Република. Денс таа е една од 11-те музеи водена од фондацијата Musei civici di Venezia, која го заштитува целото културолошко наследство на Венеција и нејзините острови.

3. Искачување на Доломитите
Доколку барате авантура, од рана пролет па се до доцна есен,доломитите се туристичко врталиште за оние кои сакаат возење со параглајдери, искачување по карпи, возење велосипед по планински тереени…

4. Хотелот Gritti Palace
Луксузниот хотел кој некогаш бил дом на Андреа Грити, војвотката на Венеција од 1523-та година до 1538-ма година, денес е најелегантниот и најлуксузниот хотел со поглед на Големиот канал во Венеција. Ентериерот е опремен со антички мебел од 18 век.

5. За љубителите на снегот – Cortina d’Ampezzo
Скијачите ќе бидат воодушевени од овој скијачки ресорт и сите околни терени. Италијанските Алпи, дефинитивно имаат што да понудат.

6. Рачна обработка на стакло
Кога веќе сте во Венеција, задолжително одвојте половина ден за посета на Муарано, каде ќе научите како рачно се изработува стаклото. Локалните мајстори користат техника на топење на стаклото ,па додека е во стопена сосотојба, ги користат вештите раце, движењата и алатите да направат уникатни облици и шари по него.


7. Романтично возење со гондола
Патувањето во Венција никогаш нема да биде комплетно доколку не одвоите дел од Вашиот буџет за патување со гондоли по Големиот канал. Стандардното возење трае отприлика околу 40-тина минути.

8. Посета на Locanda Cipriani
Упатете се кон оваа гостилница и ресторан ако сакате да го доживеете шармот на Венеција преку храна. Тука големиот Ернест Хемингвеј ја напишал „Преку реката во шумата“, кога оваа градба се уште била рустикална винарија.

9. Плоштадот Свети Марко
Подгответе се за воодушевување. Каде и да се свртите ќе видите раскош, започнувајќи од истоимената базилика Свети Марко, Прокуратот Векио, Наполеоновото крило… Овој плоштад е од големо религиозно, историско и политичко значење на градот, па затоа вреди да му посветите детално разгледување.


You must be logged in to post a comment Login