Four Seasons Resort се отвара на хрватскиот остров Хвар, како прво источно- европско претставништво на овој бренд…
Four Seasons Hotels & Resorts се здружија со Arqaam Capital, специјалисти за инвестиции како би управувале со новото одмаралиште, кое моментално е во развој на најсончевиот остров во Хрватска. сместен е на идеална локација, односно на заливот Бризеница, овој најнов луксузен станбен проект вклучува 120 соби и луксузен станбен дел и 60 приватни резиденции, со една или две соби за спиење, и вила со три до пет соби за спиење.
Иако сеуште е во фаза на планирање и развој, ова одмаралиште ќе има свој приватен залив, како и неколку базени, врвни спа и фитнес центри, избрани ресторани, кафулиња, барови и бутици, како и на сите потреби на организирање на деловни конференции и други настани од секаков вид.
Хрватска како дестинација, е најразвиен пазар на туризмот во овој дел на Европа, кое е доста барано од страна на светските патници, па токму поради тоа брендот Four Seasons одлучи да дебатира токму овде, на едно од најубавит еострови на светот.







You must be logged in to post a comment Login