Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Феноменално, но скапо! Погледнете како изгледа ДАЛЕКУ НАЈСКАПАТА ВЕЧЕРА НА СВЕТОТ! Се надеваме дека нема да побарате да ја поделите сметката

Замислете дека сте отпатувале во Сингапур, сте уживале во метрополата неколку дена, а потоа сте решиле да му се јавите на пријателот, кој работи како менаџер на извесна нафтена компанија. Истиот тој ве кани на вечера, ви предлага ресторант, а вие секако се согласувате.

Меѓутоа, тој од извесни причини, ви предлага да се најдете околу 17 часот. Се разбира, вие се согласувате, се договарате и се наоѓате на договореното мрсто во договореното време. Пред големиот хотел гп забележувате пријателот кој ве чека, носејќи ве во Marina Bay Sands хотелот. Се качувате во лифт и се возите се до последниот кат. Она што прво ви паѓа на памет е прекрасната вечера на кров, со поглед на сингапурското пристаниште.

Токму сега ви следи изненадувањето — стигнавте на кровот, а таму, замислете нема ресторант, туку само хеликоптер со кабина за двајца. Се качувате во хеликоптерот инсе возите 45 минути над Сингапур.

Откако ќе слезете, се загледувате во возачот кој подготвено чека пред Rolls Royce – от. Со него се возите назад до пристаништето – меѓутоа не се враќате назад во хотелот, туку се качувате на огромна, луксузна јахта. Со луксузната јахта се возите околу Сингапур, а потем се враќате пред хотелот Marina Bay Sands. Повторно влегувате во хотелот, и одите до лифтот, но овојпат до другиот крај на зградата. Додека се возите, веќе чувствувате глад; сепак од возењто со хеликоптер, а потоа со јахта ве изгладни, па сега веќе се надевате дека овојпат лифотот ќе ве однесе во ресторант.

Излегувајќи од лифот, слушате музика и гледате во прекрасно аранжираната просторија – 10.000 црвени рози во 360 степени просторија, која открива поглед врз целиот град/држава. Попратени со прекрасната музика од бендот, седнувате на маса. Послугата си ја знае работата, па веднаш ве служи со пијачка, понатаму ви носи едно од 18. луксузни јадења, кое вклучува: белонски школки со сос од шампањ, кавијар-алмас, див лосос од Аљаска, како и телешко филе-мишима, печено со јаболка. За пиење ви точат првокласни вина, како што е Salon S шампањот од 1988., Domaine Leflaive Chevalier-Montrachet Grand Cru од 2008 година, како и Oremus Tokai Asza 5 Puttonyos од 1972 година.

Уживајќи во прекрасната храна и старото вино, седите во приватна просторија, која секако подразбира дизајнерски мебел, и јадете со стапчиња на кои се вметнати дијаманти. Одличната вест е дека сѐ можете да си земете за дома по вечерата.

Меѓутоа, приказната не завршува тука – околу полноќ ќе ви биде претставен ексклузивниот дијамант Jane Seymour вметнат на прстен со 2.08 каратно злато, чија вредност се проценува на 2 милионо американски долари. Заедно со презентацијата оди и коњак, Lous XII de Remy Martin, а ќе проследите и фантастичен огномет.

Платинестиот прстен од розево злато, кое во средината гордо го носи вивидниот син дијамант, креиран како би ги задоволил потребите на истоимената актерка, никогаш не е носен, а дијамантот е еден од најретките во светот.

По сите свечености, доколку сте уморни, можете да отспиете во хотелот.

Ова искуство ќр го чини вашиот пријател 2 милиони долари, па зато велиме, надевајте се дека нема да побара од вас да ја делите сметката. Ова единствено искуство го нуди руската компанија за дијаманти “World of Diamonds “ во соработка со “CE LA VI” – лајфстајл бренд од Сингапур, со цел да ја прослават својата 15 годишна соработка. Директорот на “World of Diamonds“ вели: “Ова може да претставува совршена пригода за просидба, може да биде вечера за некоја исклучителна пригода, или едноставно славење на животот.”

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши (со презентација на колекцијата на Том Форд) и беше многу поразлична од сите претходни. Пандемијата на Ковид-19 принудуваше промени...

Fool Moon

Владеењето на Вага, односно влегувањето на Сонцето во знакот на Вага, ќе започне на 22 септември, кога започнува есента. Пред нас има многу предизвикувачки...

Cotton Club

Бели кошули, панталони и вечерни фустани – соодветна облека за чудни времиња. Во време на неизвесност, сакате едноставност и јасност повеќе од сè. Ралф...

Fine Living

Знаевме дека мајчиното млеко е најдобриот избор за храна за бебиња, но моделот Џоди Тарнер-Смит во интервју за Вог откри уште една од неговите...