Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Ѕирнете во првиот 3D печатен луксузен хотел во Мозамбик

Одржливиот туризам е во полн ек, па за него речиси религиозно се придржуваат брендовите од оваа сфера низ целиот свет…

Сепак, пренесувајќи ја целата приказна на сосема ново ниво, Kisawa Sanctuary хотелот на островот Бенгуера во Мозамбик, креиран е како прв 3D печатен луксузен хотел. Со вкупно дванаесет бунгалови, разместени на 300 хектари приватно земјиште на заштитената плажа, Kisawa Sanctuary ветува модерен дизајн на ентериерот, кој е дизајниран со употреба на 3D печатач. Подовите, плочките, ѕидовите и другите козметички елементи исто така се направени со користење на 3D печатачката технологија, која го заштитува природното опкружување.

Коментирајќи го ова одмаралиште, Nina Flor, креатор на дизајнот и концептот на Kisawa Sanctuary, изјави: “Мојата мисија за Kisawa одмаралиштето беше креирање на ниво на гостопримство и дизајн, кои за моето знаење не постојат никаде во светот. Сакав да креирам место кое ќе инспирира чувство на слобода и луксуз родено во природа, окарактеризирано со простор и вистинска приватност. Го користевме дизајнот како алат, не како стил, како би се погрижиле Kisawa да биде интегриран, како културно, така и еколошки, во опкружувањето на Мозамбик.

Покрај тоа ова одмаралиште ќе има спа центар од светска класа, кој ќе биде специјализиран за кинеска медицина и Ајурведа, со теретана, тениски терен, спортови на вода и четири ресторани. За гостите, новото одмаралиште ќе биде отворено на лето, додека пак цената за едно ноќевање ќе биде околу 5.714 долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement