Како што веќе неколку пати сме кажале, за да може вилата да се опише како исклучителна, таа мора да исполни голем број фактори…
Неговата околина мора да биде интересна и прекрасна, нејзината надворешност да биде специфична како нејзината внатрешност, додека целата нејзина архитектура мора да има посебен наратив благодарение на што ќе се издвојува од сите други, можеби слични примероци од ваков вид. Во потрагата по вакви вили, ние често патуваме низ целиот свет и наидуваме на навистина неверојатни примероци кои мора да бидат опишани како вистински ремек-дела.
На самиот брег на Чиле, архитектот што ја освојува наградата Прицкер Рју Нишизава ја дизајнираше куќата на Лос Вилос. Следејќи го карпестиот терен што го зафаќа, оваа куќа има брановидна бетонска конструкција како кров, која течно се движи кон водата.
Кривите на покривот не само што формираат органска силуета, туку и ги контурираат и дефинираат три простори за живеење на ентериерот – во предниот дел има сауна, додека е придружена со спална соба и простор за дружење, додека кујната и трпезаријата се наоѓаат во задниот дел.
Тогаш, покривот се расплетува за да се создаде заштитена тераса на отворено. Оваа прекрасна крошна доби поддршка во форма на челични столбови и застаклени sидови, давајќи им можност на сопствениците да уживаат во навистина драматичен крајбрежен пејзаж.





