Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

5 магични локации на југот на Франција кои ќе ви го одземат здивот…

На светско ниво, Франција е една од најпосетуваните дестинации.

Необични села, кои изгледаат како времето да застанало во нив, бескрајни полиња со лаванда, модерни места,сето тоа го нуди јужниот дел на Франција.

Не е лесно да се одлучите кои се најдобрите меѓу толку многу интересни локации, бидејќи секоја од нив има допир на автентичност, убавина и мистичност.

Добро е познато дека Франција е една од најпосетуваните дестинации во светот. Но, не сите туристи одлучуваат само да го запознаат Париз. Некои одат чекор понатаму, и тоа не без причина.

  1. Сен Тропе
    Главната точка на француската ривиера со причина го привлекува вниманието на голем број туристи од целиот свет. Знаејќи дека таму престојувала Брижит Бардо, како и многу други припаднички на светскиот џет-сет, оваа дестинација со причина е окарактеризирана како модерна, истакнува „Travelandleisure“.

Гламурозни клубови и барови на плажа, но и нереални зајдисонца, а уживајќи во погледот на скапите јахти и зајдисонца, посетителите можат сето тоа да го доживеат во Сен Тропе.

  1. Манастир ( Notre-Dame de Sénanque)Нотр-Дам де Сенанк
    Слободно може да се каже дека овој манастир е еден од најфотогеничните. Изграден во средината на 12 век, опкружен е со полиња со лаванда, кои му даваат уште поинтересен изглед. Затоа е особено привлечно да се посети во лето, кога лавандата е во полн цут.
  1. Селото Oppède le Vieux
    Автентичните камени куќи во село изградено на карпи не можат никого да остават рамнодушен. Урнатините на поранешните згради му даваат посебна доза на шарм на ова село во јужниот дел на Франција.
  1. Одморалиште Porquerolles
    За љубителите на уживањето во речиси напуштените плажи и синото море, ова е идеална опција. Меѓу активностите, најпопуларни се запознавањето на околината со пешачење или возење велосипед со поглед на феноменалните пејсажи, по кои е познат овој дел од земјата.
  1. Одморалиште Saint Jean Cap Ferrat
    Ако ова место се карактеризира како „ексклузивна комуна“, нема да има грешка. Предметната локација е позната по своите величествени вили, кои се кријат од погледот на љубопитните благодарение на бујното зеленило.

Членовите на светскиот џет-сет, кои копнеат по приватност, честопати престојуваат овде. Покрај недопрените плажи, има и многу пешачки патеки кои водат низ феноменални предели покриени со зеленило.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement