Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

3 примамливи причини зошто треба да го посетите Хемптонс барем еднаш во животот…

Веројатно ви е познато дека Њујорк е зафатена метропола, која нема време за оние кои имаат потешкотии при донесување одлуки.

Таму, зделките се склучуваат на лет, милиони долари се менуваат во секој момент и екстравагантноста е видлива на секој чекор. За да живеете во Њујорк треба да го следите неговото темпо, се разбира доколку сакате да бидете на листата на успеси. Oсвен безмилосните улици на овој град, нему му припаѓа и една поинаква област, која го носи името Хемптонс.

Во наједноставни зборови, тоа е популарно приморско одморалиште и голема љубов на богатата класа. Блескавиот ноќен живот на овој регион и престижните ресторани навистина знаат да остават впечаток. Меѓу другото, овие работи се и причината што најголемиот број познати личности од светот на музиката и актерството избираат таму да ги поседуваат своите викендички. Иако можеби нема да можете да ги следите нивните стапки ако добиете шанса да ги посетите Хемптонс, тоа е нешто што не треба да го пропуштите. Во продолжение ви пренесуваме 3 причини кои уште повеќе ќе ве убедат да го ставите на списокот со желби за одмор.

ПЛАЖИТЕ ХЕМПТОНС СЕ ДАЛЕКУ ОД ТИПИЧНИТЕ

Иако има многу прекрасни плажи ширум светот, секој што го посетил Хемптонс ќе ви каже дека ниту една не се приближува до оваа. По целата своја должина, оваа плажа изгледа навистина фантастично и оддава посебни вибрации. Најдобриот песок на светот, најчистата вода и најдоброто од се можност да пиете маргарити во друштво на вашите омилени актери и пејачи. Освен тоа, доколку не сте расположени за друштво, шетајќи по оваа долга плажа можете да најдете тивок и дискретен рај за вас и вашата поубава половина.

ФАНТАСТИЧНИ МЕСТА ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ И БРОЈНИ АТРАКЦИИ

Но, убавината на оваа област не е ограничена само на прекрасните плажи. Кога малку ќе се оддалечите од брегот, ќе имате можност да уживате во ненадминати атракции. Комбинација на култура, историја, модерност, луксуз и природна убавина од ваков обем е тешко да се најде на друго место во светот. Можете да ги посетите старите села кои имаат голема историска вредност, потоа да ја видите најстарата американска стоковна куќа, како и луксузни бутици и ресторани со реномирани имиња. Се разбира, има и галерии од светска класа, музеи и градини кои го одземаат здивот.

ЕДИНСТВЕНА АВАНТУРСТИЧКА СЦЕНА ВИ Е НА ДОФАТ НА РАЦЕТЕ

Светските патници се согласуваат за едно: Хемптонс е авантура која вреди неколку часа патување. Имено, кога станува збор за оваа област, наспроти впечатокот на мнозинството, не е се во луксуз и престиж. Тоа е, исто така, за да си дадете шанса да го ослободите вашиот авантуристички дух. Без разлика дали сакате да сурфате по брановите, да нуркате, да ја истражувате околината додека веслате во кајак или да пливате со делфини, оваа дестинација е тука да ви го овозможи сето тоа.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom