Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

3 атракции на еден од најубавите брегови во Италија…

Брегот Амалфи е познат по своето културно и историско наследство, но и по Патот на боговите, патека долга нешто повеќе од шест километри што се протега покрај брегот.

Повеќе од десет многу шармантни градови се наоѓаат на познатиот брег Амалфи, кој се смета за вистински скапоцен камен во тој дел на Италија.

Најдобар начин да се запознаете со бројните атракции на брегот Амалфи е да ги посетите најпознатите градови, но и да уживате во нереалниот поглед на Тиренското Море од бројни локации.

Познато како место каде што се одгледуваат исклучително сочни лимони, брегот Амалфи е познат и по своето културно и историско наследство,ова се местата на брегот на Амалфи кои не треба да се пропуштат.

  1. Амалфи
    Феноменални глетки, цвеќиња наредени во каскади и антички улици. Сето тоа е Амалфи, кој е познат како моден град на брегот.

Главната катедрала во градот стои гордо на врвот на скалите. Дуомо ди Сант Андреа е црква позната по својата прекрасна крипта, но и по интересната архитектура.

Меѓу многуте атракции во Амалфи, се издвојува музејот посветен на производството на хартија во тој град.

Доколку го посетите Museo della Carta, како што гласи неговото првобитно име, ќе имате можност да учествувате на работилница за правење хартија со помош на средновековни методи.

  1. Позитано
    Можеби најпознатата локација на брегот Амалфи, овој моден град е исклучително шармантен. Особено во периодот на пролет и лето, кога е преплавен со цвеќиња во различни бои и опојни мириси. Најдобро го опишуваат тесните улички, цвеќињата и мирисите, но и бројните познати личности, кои често го посетуваат овој италијански град.

Позитано е дом и на Санта Марија Асунта, црква изградена во текот на 13 век. Позната е по црната икона на Богородица, за која се поврзува приказната дека во ова светилиште ја донеле пирати, наведува „Planetware“.

  1. Патот на боговите
    За оваа, пред сè, интересна активност често се одлучуваат љубителите на пешачењето и природата кои го посетуваат тој дел на Италија. Прошетката по Патеката на боговите во просек трае нешто повеќе од два и пол часа.

Слободно може да се каже дека од патеката долга околу шест и пол километри, речиси на секој чекор можете да уживате во погледот на една од атракциите на брегот Амалфи.

Од Бомберан до Ночеле води патека, а гледиштето на Белведере се смета за едно од најпознатите.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement