Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

12 хотели во кои самоизолацијата добива сосема ново значење

Од Патагонија до Тасманија, овие дванаесет оддалечени одморалишта се дизајнирани да одржуваат далечина и да извлечат максимум од самотија и приватност…

Долго пред зборовите „социјална дистанца“ и „самоизолација“ да се пронајдат во нашиот секојдневен лексикон, хотелите на оддалечени места имаа свој посебен шарм. Без разлика дали станува збор за авантура што вклучува оддалечени дестинации, ведрина што ни го дава тој краток период кога „се симнуавме од мрежата“ или едноставно се фалиме дека отидовме да истражиме еден сосема поинаков свет, има безброј причини зошто ваквите одмори вределе да се обидеме. .

Овие не се неопходни  места што ќе ги посетите за да се изолирате – ќе бидете придружени од други гости и ќе можете да уживате во бројни активности, но тие се локации лоцирани во затскриените делови на светот. Од дрвените колиби во срцето на Арктичкиот круг, па сè до ложата на езерото во Тасманија, ви претставуваме дванаесет одморалишта заради кои самоизолацијата се здоби со целосно ново значење.

Pumphouse Point – Тасманија

Сместено на брегот на езерото Св. Клер во Тасманија, ова одморалиште е необичен бутик хотел достапен само за возрасни, кој се наоѓа на дофат на подрачјето на  Wilderness World Heritage. Со само деветнаесет соби, оригиналната структура на хотелот датира од 40-тите години на минатиот век, кога се користеше како хидроцентрала. Денес овој простор е прекрасно реновиран и има соби за гости поделени во три згради.

The Torridon – Шкотска

Ако ги затворите очите и замислите традиционален шкотски хотел, голема е веројатноста дека ќе дојде на ум сликата како „Торидон“. Сместено во длабочините на шкотската убавина, на педесет и осум хектари, поранешната ловна ложа стана луксузен хотел со осумнаесет соби, гурмански ресторан, светски познат виски-бар и програма што ќе ве поврзе со природата.

Awasi Patagonia – Чиле

Опкружена со врвовите на Андите и некои од најголемите ледени глечери, одморалиштето Awasi Patagoniaсе наоѓа на работ на Националниот парк Torres del Paine National и е оддалечена и луксузна дестинација. Со двочасовно возење до најблискиот аеродром, ова одморалиште нуди 14 индивидуални вили, секоја опремена со шпорет на дрва, јапонска бања, водич и лично возило за истражување на патагонската пустина. Со цел да го заштити природното опкружување и културното наследство, Awasi одгледува свој сезонски зеленчук и овошје, во исто време соработувајќи со локалните фарми и хациендите.

Kulmhotel Gornergrat – Швајцарија

Сместен на 950 метри надморска височина, овој хотел, кој исто така важи за највисок на Швајцарските Алпи, изгледа дека припаѓа на страниците на романот на Иан Флеминг. Достапно само со воз од Зермат каде не се дозволени автомобили, овој хотел исто така игра улога на опсерваторија и истражувачка станица. Тој нуди дваесет и две луксузни соби со директен поглед на Матерхорн и Зермат, со Алпите во далечината.

Clayoquot Wilderness Resort – Канада

По идиличното со хидроавион или фериботско возење од островот Ванкувер, понатаму проследено со возење во кочија, ова сеопфатно одморалиште ужива во спектакуларна локација. Ресортот ви нуди се што ви е потребно во дваесет и петте платнени шатори, што е дефиниција за glamping. Гурманските оброци што ќе ги јадете овде се подготвени со употреба на локално одгедувани состојки.

Anantara Al Jabar Al Akhdar – Оман

Сместено на самиот раб на кањонот во Оман, достапно само со возење низ познатите Зелени Планини, ова одморалиште е изградено со изолација на ум. Тој во својата понуда нуди 115 апартмани и вили со неверојатен поглед на кањонот, заедно со шест ресторани, прекрасна спа со амам и просторија со хималајска солена соба. Хотелот ви дава можност да уживате во бесконечниот базен на самата ивица на карпата, да ја впиете енергијата и силата на мирот и тишината.

Helena Bay Lodge – Нов Зеланд

Сместено во северо-источниот агол на Северен остров во Нов Зеланд, ова одморалиште е на околу тричасовно возење од Окленд. Кога ќе стигнете до ова приморско одморалиште, ќе ве пречекаат, главната ложа, пет луксузни вили и четири приватни плажи. Можете да го пополните вашето време овде како што сакате, одлучувајќи се за нивните фантастични активности или да се релаксирате во мир и тишина со чаша домашно вино.

The Arctic Hideaway – Норвешка

Достапно само со брод или приватен авион, ова одморалиште го носи концептот на самоизолација на ново ниво. Сместен во архипелагот Флеинвар на самиот северен дел на Норвешка, овој хотел се наоѓа на околу километар од најблискиот град. Кога конечно ќе стигнете до одморалиштето, ќе бидете воодушевени од глетката на дрвени колиби, од кои само четири се наменети за гости. Автомобилите не се дозволени тука, нема продавница, а сонцето не се појавува од ноември до средината на јануари.

Deplar Farm – Исланд

Сместен на двочасовно возење со хеликоптер од Рејкјавик, овој хотел не е многу достапен, но дефинитивно вреди да се потрудите. Сместен во трансформирана овчарска фарма, таа ни нуди тринаесет ложи што се вклопуваат беспрекорно со природното опкружување и имаат базени со солена вода, како и бања со две комори за изолација.

Amangiri – Јута

Сместен во долини, карактеризиран со неверојатни погледи во високата пустина на државата Јута, овој хотел е дефиниција за отуѓување. Тоа е на само триесет минути возење од најблискиот град и совршено се вклопува во природното опкружување. Ако не знаете што точно барате, веројатно не би го виделе. Хотелот нуди триесет и четири апартмани во две крила, како и glamping искуство кое ќе ве крене на нозе. Исто така постои и прекрасна спа.

Secret Bay – Доминика

Без директен пристап, островот Доминика, познат и како остров на природата, не е лесно достапен. Сепак, кога ќе стигнете до него, а особено до неговиот Таен залив, ќе уживате во сценографијата опкружена со бујна дождовна шума и океан. Само мал број бунгалови го сочинуваат ова прекрасно место, така што вашата приватност, мир и тишина се загарантирани.

Six Senses Paro – Бутан

Сместено високо над планински предел покриено со четинари во Бутан, ова одморалиште е едно од најоддалечените, а исто така се наоѓа помеѓу урнатините кои датираат од 15 век. Со дваесет апартмани и вили со поглед кон Долината Паро, ова е совршено место за сите оние кои сакаат да се запознаат сами со себе и да се тргнат на далечни авантуристички истражувања. Одморалиштата Шест сенс секогаш доаѓаат со фантастични спа центри, така што овој хотел не е исклучок од целата приказна.

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...