Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

10-те најубави плажи на Крит

Огромниот остров Крит е познат по своите фантастични плажи – мали, големи или затскриени, за секого по нешто, за сечиј вкус.

10te-najubavi-plazi-na-krit-01_copy.jpg

Најубавите плажи на Крит:

1. „Balos“ во Ханија

„Balos“ e фантастична локација на северозападниот дел на Крит, во регионот Ханија. Оваа плажа е како да сте на Карибите – егзотични води, мек бел песок и огромен остров со венецијански замок на врвот.

10te-najubavi-plazi-na-krit-1.jpg

2. „Elafonissi“ во Ханија

Оваа плажа се наоѓа на југозападниот дел на Крит и претставува егзотично место со кристално чисти води. Рај на земјата,  многумина би рекле, заради белиот и розов песок и кедровите дрвја кои се протегаат по должината на целото крајбрежје.

10te-najubavi-plazi-na-krit-2.jpg

3. „Vai“ во Ласити

„Vai“ претставува навистина посебна плажа, пред сè затоа што ја има најголемата палмина шума во Европа, 5.000 дрвја. И секако, мек песок и кристална вода заради која секое семејство посакува да оди.

10te-najubavi-plazi-na-krit-3.jpg

4. „Falassarna“ во Ханија

„Falassarna“ е голема песочна плажа на западниот дел на Крит. Најблиску се пристигнува од градот Кисамос. Оваа плажа претставува фантастична место за идеален семеен одмор со деца.

10te-najubavi-plazi-na-krit-4.jpg

5. „Preveli“ во Ретимно

На јужната страна на Ретимно се наоѓа местото со магична природна убавина, „Preveli“. На ова место се влева река во морето, а пред тоа поминува низ многу палми и формира езеро во близина на морето.

10te-najubavi-plazi-na-krit-5.jpg

6. „Matala“ во Ираклион

„Matala“ била добро позната во `60-те и `70-те како хипи место, бидејќи многу хипици доаѓале и поминувале месеци во карпите над плажата. Денес долгото крајбрежје е идеално место за сончање и уживање во морската вода.

10te-najubavi-plazi-na-krit-6.jpg

7. „Rodakino“ во Ретимно

На јужната страна на Ретимно, во близина на туристичкото село Плакијас, се наоѓа големата песочна плажа „Rodakino“. На еден дел има лежалки за одморање, но има подзатскриено место за оние кои се авантуристички расположени.

 

10te-najubavi-plazi-na-krit-7.jpg

8. „Plakias“ во Ретимно

Прекрасно место ако сакате да избегате од уката и буката на големите градови и да се препуштите на уживање во тишината, а во попладневните часови да уживате во вкусни рибини деликатеси.

10te-najubavi-plazi-na-krit-8.jpg

9. „Tympaki“ во Ираклион

Уште една одлична плажа на Крит на кој сигурно ќе можете да се одморите, да се сончате на летното сонце и да уживате во разладување во морската вода. Има ли нешто подобро?

10te-najubavi-plazi-na-krit-9.jpg

10. „Istro“ во Ласити

Златни и бели песоци, кристално чисти води и природна убавина која нема да ве остави рамнодушни. На оваа плажа можете да уживате, да одморите и потоа да се вратите дома полни со елан и енергија.

10te-najubavi-plazi-na-krit-10.jpg

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement