Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

10 национални паркови кои изгледаат како да не се од оваа планета

Каде и да се свртите на нашата прекрасна Земја, ќе најдете места што изгледаат од приказни. Нереалните креации на природата се најдобриот потсетник во каква убавина живееме и како треба да ја зачуваме за да уживаме во таквите сцени онолку долго колку и генерациите после нас. Денес избравме 10 места што се толку убави што изгледаат како некој да ги нацртал, и за среќа тие се веќе заштитени затоа уживајте во нашата галерија без никакво брзање додека не одлучите да отидете на сите тие прекрасни места.

1. Ленкоис Маранхесес, Бразил

На северниот брег на Атлантикот лежи ова огромно поле со песочни дини. Сезоната на дождови, која трае од мај до септември, е особено убава затоа што тогаш се формираат кристални езера помеѓу дините, што го прават пејзажот повеќе чудесен.

2. Корковадо, Костарика

Љубителите на дивиот свет и природата ќе уживаат во оваа тропска прашума. Биолошки е едно од најразновидните места на Земјата и е дом на кумари, јагуари, крокодили, желки, но дури четири видови мајмуни живеат овде!

3. Вулканоес, Руанда

Замислете како шетате покрај семејство на горили. Ова е можно во овој национален парк кој се наоѓа на околу два часа возење од главниот град Кигали. Само мал број туристи дневно смеат да влегуваат во паркот, така што ова патување треба внимателно да се испланира.

4. Банф, Канада

На границата помеѓу Алберта и Британска Колумбија се наоѓа Банф, место што многумина го имаат на ум кога замислуваат појава на рај. Смарагдните глацијални езера Морен и Луиз и планинските врвови покриени со снег го сочинуваат овој нереално прекрасен пејзаж.

5. Галапагос, Еквадор

Националниот парк ги вклучува повеќето острови од островите Галапагос. Овој вулкански архипелаг е дом на различни животни. Поради мешањето на трите пацифички струи, овде ќе го најдете најразновидниот морски екосистем на планетата. Замислете само да видите во живо пингвини, џиновски желки и морски лавови!

6. Торес Дел Пејн, Чиле

Чилеанската Патагонија е позната по своите гранитни планини опкружени со кристално сини езера. Активните љубители на одморот овде можат да кајакуваат, да јаваат коњи, да шетаат по замрзнати езера и да рибарат.

7. Киларни, Ирска

Првиот национален парк во Ирска е познат по своите пејзажи што го одземаат здивот. Без разлика дали ќе одлучите да тргнете по познатиот пат Прстенот на Керни или ќе одлучите да се прошетате со брод низ прекрасните езера, ова патување нема да остави никого рамнодушен.

8. Комодо, Индонезија

Комодо змејови навистина постојат и го населуваат овој национален парк во Индонезија, кој сочинува 29 вулкански островчиња. Ова е единственото место во светот каде овие џиновски гуштери живеат во дивината и слободно шетаат по песочните плажи.

9. Кариџини, Австралија

Австралискиот регион Пилбара е дом на вториот по големина национален парк во земјата. Се гордее со џиновски клисури и водопади кои завршуваат во тиркизни езера. Камп љубителите овде можат да спијат под чисто и незагадено ѕвездено небо.

10. Тубкаи, Мароко

На само 50 километри од Маракеш, високо на планините Атлас, се наоѓа овој национален парк кој им нуди на посетителите поглед на неверојатниот пејзаж и живописните берберски села.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement