Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Ѕид од 120 километри: Римска древна граница која е изградена од императорот што сакал да патува

Ѕидот на Адријан се наоѓа на северот на Англија. Станува збор за антички римски одбранбен ѕид долг 120 километри кој го делел британскиот остров на половина, а требало да ја заштити Англија од нападите на племенскиот сојуз на Пиктите од север (денешна Шкотска).

Изграден е од 122 до 132 година, за време на владеењето на императорот Адријан, по кого го добил името. Адријан инаку бил познат како „царот-патник“ бидејќи за време на неговото владеење ја посетил речиси целата Римска империја.

Многумина претпоставуваат дека ѕидот е граница меѓу денешна Англија и Шкотска, но тоа не е така. Она што бил ѕидот, е северната граница на Римската империја. Се состои од камени блокови кои се видливи и денес. Некогаш имало и 14 тврдини и околу 80 придружни кули во кои војниците биле на стража. Ова чудо на римската архитектура го изградиле 15.000 војници.

Иако добро ја служеше својата цел, Пиктите успеаја да го преминат неколку пати. Таа била повторно изградена во почетокот на 3 век, но конечно била напуштена кон крајот на 4 век кога римската власт се повлекла.

Камењата од кои е изградена ги користеле жителите на околните места за потребите на нивната изградба. Денеска остана само мал дел од него. За среќа, тој дел не е премногу оштетен и главно остана во добра состојба, па во 1987 година беше впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО во Европа. Прогласен е и за најважниот римски споменик во Британија.

Покрај сето ова, ѕидот бил и простор на значајни места на градби, облека, алатки и оружје кои сведочат за римскиот начин на живот на островот.

Ѕидот го инспирирал и познатиот писател на белетристика, Џорџ Р. Р. Мартин, кој го посетил во 1980-тите. „За Римјаните во тоа време тој ѕид беше крајот на цивилизацијата, крајот на светот. Денеска во таа област живеат Шкотите, но тогашните древни луѓето не знаеле што стои зад него, а според нивните верување таму живееле разни митски чудовишта. „Ѕидот беше бариера против мрачните сили и тоа ми разбуди чувство, важно како писател на фикција“, додаде тој.

Денес, на ѕидот му се заканува друг непријател: поради климатските промени и глобалното затоплување, инаку мократа и влажна почва околу ѕидот сега се суши, испуштајќи кислород во пукнатините. Ова претставува опасност за (идните) наоди и самиот ѕид.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom