Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Хотел на толку изолирано место што има своја авионска писта

Хотелот располага со 10 луксузни шатори поставени меѓу карпите и украсени во автентичен британски колонијален стил од 1920-тите.

Хотелот Zannier’s Sonop се наоѓа на толку изолирана локација во африканската пустина Намибија што доаѓа со приватна авионска писта за слетување. За најбрзо и најлесно да стигнете до него, прво мора да слетате во главниот град Виндхук, а оттаму да го „фатите“ летот до хотелот кој трае околу 80 минути.

Доколку не ви се брза, можете да стигнете до Sonop на истоимената фарма во регионот Карас со Jeep теренскиот 4х4 погон. Оваа авантура ве води низ пустината Намиб и трае околу пет часа.

Сместен на 5.600 хектари приватен простор од магична африканска природа, хотелот Sonop располага со 10 луксузни шатори поставени меѓу карпите и украсени во автентичен британски колонијален стил од 1920-тите.

На располагање ви се шаторите со една спална и две спални соби кои вклучуваат бања со старинска када за нозе, но и тераса со поглед на спектакуларната околина. Можете да уживате и во раскошните гастрономски дела во ресторанот на хотелот, кој може да опслужува околу 20 гости истовремено.

Од високите температури можете да се разладите во отворен базен или да гледате филм во занимливо кино на отворено. Хотелот ќе ви понуди интересни факултативи, пример изнајмување на коњи или електрични велосипеди за да ја истражите околината, а доколку сакате да ја видите целата област од птичја перспектива, можете да го направите тоа во балон со топол воздух.

За сместување во луксузните шатори на хотелот Sonop треба да се издвојат околу 37 000 денари по лице за една ноќ. Погледнете што сè нуди овој хотел во нашата фотогалерија под текстот.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement