Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Убавините на Нов Зеланд: Езерото Текапо и полето Лупин како магична светска сцена (фото+Видео)

Текапо е едно од најубавите езера во светот, а се наоѓа во подножјето на планината Џон.

Неверојатната тиркизна нијанса на вода е нешто што е многу специфично за ова езеро.

Таа е создадена со топење на глечерите, кои создаваат ситен песок со нивното постојано дејство.

Парчиња карпи, кои замрзнуваат во глечерот, делуваат како честички од песок, а кога нивната количина е доста голема, водата станува сива.

Во комбинација со снежните врвови на планините и бојата на езерото, сцената навистина изгледа неверојатно.

Сепак, тоа не е сè што го прави ова место толку посебно.

За убавината на сцената придонесува и прекрасното поле на лупини, растенија кои растат до 2 метри во висина и имаат цвеќиња од виолетова, розова, бела и портокалова боја.

Цвета од средината на ноември до средината на декември, кога овој дел на Нов Зеланд станува еден од најубавите делови на светот.

Исто така, езерото Текапо е феноменално за гледање на ноќното небо.

Дури и Меѓународната организација за ноќно небо го прогласи за едно од најдобрите места во светот за набудување на ѕвездите.

Погледнете како изгледа ова прекрасно место:

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement