Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Топ дестинации во Европа со најубавите плажи…

Ако сè уште не сте подготвени да се збогувате со сончевите плажи и коктели под чадор, сигурно ги барате најдобрите дестинации за одмор во Европа.

Иако секој од нас има свои лични критериуми кога е во прашање изборот на одморалиште, едно е сигурно, а тоа е дека секој сака својот одмор да го помине покрај кристално чистото море. Поради оваа причина, за вас во нашата галерија избравме некои од најубавите плажи низ Европа кои ќе ве освојат со својот шарм. Медитеранска клима, песочни брегови, зајдисонца над планините во далечината…дали навистина ви треба повеќе за да почнете да се пакувате вечерва?

АМАЛФИ БРЕГ, ВО ИТАЛИЈА

Долг околу 50 километри, ве очекува брегот на Амалфи во југозападна Италија. Карактеризиран со прекрасната природа и изобилството на цитрусна вегетација, овој пејзаж е толку фасцинантен што засекогаш ќе остане врежан во вашето сеќавање. Кривите патишта, високите карпи кои се спуштаат до морето, вилите во бел камен и стотиците лозја прават да изгледа како магична земја од бајка. Целата област со години ги привлекува богатите и славните, кои во најмала рака не сакаат ништо помалку од најдоброто.

СЕСИМБРА, ВО ПОРТУГАЛИЈА

Сесимбра се наоѓа на западниот брег на Атлантикот, во Португалија, а освен што е рибарско пристаниште, овој мал град е и популарно туристичко место. Специфичен е по прекрасната плажа која се протега на километри, долгото шеталиште покрај морето, луксузните хотели и врвната услуга. Иако самиот град претрпе многу промени, тој успеа да ја зачува таа топла атмосфера и рустикален шарм што може да ви го направи одморот уште попријатен. Покрај тоа што ќе можете да пливате во кристално чистото море, ќе имате можност и да се дружите со делфини.

КЕФАЛОНИЈА, ВО ГРЦИЈА

Кефалонија е еден од најголемите острови во Јонското Море, кој благодарение на романот Мандолина од капетанот Корелиус, кој ги воодушеви читателите ширум светот, стана најпопуларното одморалиште во Грција. Пространите маслинови градини, бескрајните планини, прекрасните карпи кои се спуштаат до морето и врвните европски плажи се специфични за оваа локација. Она што не треба да се пропушти, доколку се одлучите за оваа локација, е да изнајмите брод и да ги посетите затскриените заливи до кои не може да се стигне пеш.

КОРЗИКА, ВО ФРАНЦИЈА

Неверојатно убав остров со топла и умерена клима, кој привлекува туристи со децении, успеа да одолее на промените што ги носи модерното време. Љубителите на комбинацијата на чисто море и сонце, доаѓаат на овој остров поради неговите феноменални плажи, карпести заливи и разновидниот пејзаж. Иако патот до островот е малку поголем предизвик, навистина вреди да се вложи труд. Откако ќе стигнете таму, ќе сфатите дека никогаш не сакате да одите на одмор на која било друга локација.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement