Некои места на нашата планета се толку прекрасно убави што кога првпат ќе ги видиме на фотографија мислиме дека се работи за филмски сет. Едно такво место е холандскиот Гитхорн (Giethoorn).

Малиот град на северот на Холандија може да изгледа како место од бајките, но сè што е во него е многу природно. Холандска Венеција, како што го нарекуваат Гитхорн, е изграден на мрежа од тесни канали и не е филмски проект од бајките.

Околу 2.600 луѓе живеат во овој живописен град и тоа е еден вид рурална оаза на мирот, чија веб-страница вели дека „најгласниот звук што може да се слушне таму е гракање на патки или гласови на други птици“.

Во овој град, дури и поштар доставува пошта со брод, но од друга страна лесно може да се стигне со автомобил од Амстердам.

Бидејќи нуди и поинаков избор на сместување во B&B, ова е дефинитивно место кое треба да го посетите доколку се најдете во Холандија.

