Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

СОВРШЕНАТА ЈАХТА ЗА СУПЕР КРИМИНАЛЦИТЕ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ

Неодамна наидовме на неколку суперјахти кои навистина го заслужуваа целото наше внимание, но ниту една не е толку посебна како моделот за кој зборуваме денес.

Мегајахтата во форма на лебед е ново величествено ремек-дело, елегантно како животното од кое е инспирирано. Пјерпаоло Лазарини од студиото Лазарини Дизајн, го надмина самото значење на иновацијата и имагинацијата создавајќи амалгам на концептот на јахта и лебед, поврзувајќи ги на неверојатен начин. Јахтата долга 137 метри беше именувана како Авангардија и е поделена на пет палуби, на кои нуди доволно простор за шеесет патници.

Споделувајќи ги суптилните облини препознатливи за лебедите, оваа јахта доаѓа со глава што ја игра улогата на нејзиниот мозок, кој го контролира. Овој одвоен елемент игра улога на специјален крстосувач, што може да ви даде можност да уживате во дневни екскурзии, кога сакате. Главата, односно контролниот центар на јахтата е поврзана со флексибилен врат кој има целосен опсег на движење. Кога јахтата е закотвена, главата може да се спушти до водата и да се одвои, за да се понуди индивидуално крстарење.

Генијот на Лазара го дизајнираше овој брод со двојни електрични мотори, кои работат во комбинација со моторот MTU Rolls Royce, што ќе му даде максимална брзина на крстарење од околу 18 јазли. Мегајахтата сигурно не би била комплетна доколку не добиеше неколку големи играчки за најбогатите, како што се хеликоптер, капсули со авиони и цела флота на супер-автомобили.

Засега, Авангардија е во фаза на концепт, но како што велат од студиото за дизајн, може да стане дел од реалноста, штом на сцената се појави богат љубител на јахти, лебеди и прекрасната страна на животот. Ние веруваме дека нејзината убавина ќе стане очигледна само кога ќе ја видиме во живо.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement