Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Скијање во Турција: Зошто е добро да се посети оваа земја и во есен и во зима?

Турција важи за една од најдобрите дестинации во зима, токму поради скијањето.

Можеби е поинтересно да се посети Турција во лето, но благодарение на бројните атракции, посетата на оваа земја може да биде интересна и во зима.

Пониските температури ја прават посетата на Турција попријатна во тој период. Покрај тоа, има помалку гужви при посета на многу атракции.

Цените на хотелите во есен и зима по непишано правило се поповолни.

Потоплата облека е задолжителна
Со просечни ноемвриски температури од 11 степени во текот на денот, Турција знае да биде пријатна. Сепак, веќе во текот на декември, просечните дневни температури можат да бидат и до пет степени. Ноќната температура во ноември ќе биде минус еден, а во декември околу минус три степени.

Сепак, туристите претпочитаат да ја посетат оваа земја во текот на есента и зимата поради попристапните цени и помалата гужва, карактеристични за самата шпиц сезона.

Просечните температури се разликуваат во зависност од тоа за кој дел од земјата станува збор. Според „Bookmundi“, иако во Истанбул веќе е постудено во текот на декември, лесно може да се случи да има уште еден убав ден во Анталија, на југот на земјата. Просечната дневна температура во Анталија во тој период вообичаено се движи меѓу 11 и 16 степени.

Скијање во Турција
За многумина, освен некогашниот Константинопол, првата асоцијација со Турција е летувањето. Сепак, оваа земја важи за една од подобрите дестинации во зима токму поради скијањето.

Како донекаде потценета дестинација кога станува збор за скијање, Турција генерално нуди попристапни цени во споредба со другите дестинации познати по скијањето.

Скијачките центри Кајсери, Улудаг и Паландокен стануваат се поинтересни. Кајсери е особено атрактивен поради фактот што се наоѓа во близина на Кападокија, што го прави идеална точка за посета на овој дел од Турција.

А ако на сето тоа се додаде фактот дека многу знаменитости во земјава навистина не се посетени од туристи во тој период, сосема е јасно зошто овој период од годината е идеален за уживање во посета. Отсуството на гужви и пониските цени за сместување, на прво место, ќе ве натераат да запознаете многу знаменитости на Турција под различни околности.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement