Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Синото око на Албанија: Природен феномен за кој ќе платите помалку од 80 денари за билет

Во густа шума со поглед на тиркизна река, ве очекува чистотија со нереално убава вода, полна со меурчиња кои хипнотички извираат од длабочините…

„Синото око“ е природен резерват обвиен со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј продорен мирис се меша со бучното тиркизно синило, и дел од изворот на реката Бистрица (Bistricë). Сури (Syri) и Калтер (Кaltër) е природен феномен лоциран во близина на Музина (Muzinë) во областа Валона, Албанија – приближно дваесет километри од градот Саранда. По исклучувањето на главниот пат кон Синото око, води макадамски пат од приближно два километри.

Во густа шума со поглед на тиркизна река, ве очекува чистотија со нереално убава вода, полна со меурчиња кои хипнотички извираат од длабочините. Во центарот на изворот може да се види подводна пештера, која, како и зеницата на човековото око, ја комплетира извонредната живописна убавина.

Точната длабочина на „окото“ не е позната, но сигурно е подлабока од 50 метри, мерена од нуркачите. Иако пливањето е забрането, тоа не ги спречува посетителите да скокаат во студената вода, која се лади со температура од околу десет степени. Ако одлучите да направите такво нешто – тоа го правите на ваш сопствен ризик.

На оние кои сакаат да уживаат во природата и тишината им се препорачува да ја посетат пролетта надвор од сезоната или во раните утрински часови, кога нема гужва. Ако сте гладни, во близина има и ресторан со традиционални специјалитети.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement