Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Сан Фрутуосо: Скриен италијански град кој го нуди најдоброто од исконскиот Медитеран…

Патувањето до Сан Фрутуосо е идеална можност да уживате во опуштена забава покрај морето, прекрасна глетка и автентична италијанска храна. Иако технички е залив, дава атмосфера на медитерански остров.Летен одмор на Средоземното море, сончање, пиење совршено разладено вино и уживање во шпагети од морска храна е нешто што многумина од нас би го посакале. Се разбира, сето ова можете да го најдете во северозападниот италијански регион Лигурија, во близина на Портофино. Но, иако сигурно сте слушнале за Портофино, тешко дека сте слушнале за Сан Фрутуосо, а кој и да го посети остава полн со впечатоци.

Иако технички е залив, дава атмосфера на медитерански остров. Причината е што е одделен од остатокот на Кејп Портофино со недопрена дивина и повеќето луѓе го посетуваат со брод – било со траект, организирана тура или приватен брод. Сепак, има пристап и пеш, преку кривулестите шумски патеки од Камогли.

Плажата за капење има мазни камчиња, а вреди да се пристигне рано и да се изнајми лежалка и чадори. Иако концептот „плаќање за лежалки“ не е нешто што ни се допаѓа, овде се исплати, бидејќи ако не го изнајмите горенаведеното, ќе се најдете во ситуација да барате многу мало ќоше од плажата,каде што можете да ставите крпа. Можете да ја видите и познатата опатија Сан Фрутуосо, изградена од грчки монаси во 10 век, која е неверојатно импресивна.

Секако, има и ресторани. Повеќето од нив служат едноставна, вкусна лигурска храна, како што се риба на скара или тестенини со ракчиња, како и локални вина.

Вреди да се јаде во Da Giorgio, а одлична опција за ручек со поглед е Da Giovanni, кој нуди убава тераса покрај морето.Исто така, грев е да не се ужива во специјалитетите приготвени во Da Lauri .

Сан Фрутуосо навистина нема сместување – освен скромната Airbnbа која е отворена сезонски, така што вашата најдобра опција за удобен одмор е да останете во еден од градовите во близина.Тука секако се издвојува Портофино, кој плени со својата колоритна архитектура, но и со познати гости кои сакаат да го посетуваат.

Иако веројатно веќе сте го „направиле“ или резервирале вашето сместување за одмор, овој бисер би можел да биде одличен избор за следната сезона. Всушност, ова е совршено време да почнете да размислувате за летови, резервации на соби и слични убави нешта што ќе ги доживеете на плажите на Лигурија во летото 2024 година.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
marsbahis   grandpashabet   casibom