Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Само во Источна Европа: Град чија тиркизна дрвена црква води во вселената

Освен музејот посветен на вселенските откритија и истражувања, овде можете да најдете и вистински „славорум“ музеј на народното наследство, стари ветерници, егзотични скулптури, па дури и воени авиони во дворот…

Во малиот украински град Перејаслав, кој многумина го пропуштаат на патувањето во Украина, се кријат вистински чуда. Освен „типичните“ музеи (иако овде ништо не е типично) поради кои го нарекуваат и музејски град, во дрвената црква се наоѓа и Музејот за вселенски истражувања.

Можеби самата црква ќе ви го привлече вниманието и ќе ве натера да влезете во неа. Станува збор за дрвена црква со тиркизна жолта боја, стара 130 години. Посветенa е на Света Петка (т.е. Параскеви), христијанка која е особено почитувана од православните.

Но, денес таа е посветена на нешто друго одвнатре. Наместо жртвеници, исповедници, клупи и иконостаси, овде се акумулираат спомените од славните денови кога СССР доминираше во универзумот. Падобран трениран од Јурај Гагарин, модели на ракети и сателити, лименки со храна што астронаутите ги јаделе во вселената…

Музејот е основан во 1970 година и нема сомнеж дека црквата е соодветно место за него. На крајот на краиштата, религијата е опиум за луѓето. Наместо цркви, никнале музеи посветени на науката. Денеска ситуацијата е нешто поинаква, па ни оваа црква-музеј не може да се пофали со реновирање или нечија грижа.

Откако е основан музејот, немало голема рестарвација, па неговиот „чаби шик“ изглед е автентичен. Мештаните се загрижени бидејќи тој е единствениот таков музеј во светот, а мораме да признаеме дека навистина изгледа феноменално.

Градот Перејаслав се наоѓа на брегот на реката Днепар, на околу час и половина возење од Киев. Покрај музејот посветен на вселенските откритија и истражувања, тука можете да најдете вистински „славорум“ музеј на народното наследство, стари ветерници, егзотични скулптури, па дури и воени авиони во дворот. Вистинско богатство на навидум обично место!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement