Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Прв ред до езерото за сите! Генијален холандски кварт кој може да покаже што може да се направи со паметно планирање…

Станбената зона покрај брегот е и туристичка атракција поради распоредот и уредувањето на мали парцели каде секоја куќа има пристап до водата, но и до патот…

Het Brekkense Wiel на холандски значи „Скршено тркало“, а токму тоа е името на единствената населба во предградијата на градот Лемер, која се наоѓа на холандскиот брег, на нешто повеќе од еден час возење од Амстердам.

Станбената зона покрај брегот е и туристичка атракција поради уредување на малите парцели каде секоја куќа има пристап до водата, но и до патот. Сето ова го прави омилена дестинација за љубителите на водените спортови. Сместено помеѓу фризиските езера и ИЈселмер, најголемото езеро во земјата, Скршеното тркало изгледа најдобро кога се гледа од воздух, бидејќи генијалноста на крајбрежното урбанистичко планирање најдобро се гледа од птичја перспектива.

Het Brekkense Wiel има околу 230 домови и секоја куќа има доволно простор на својата парцела за паркирање на автомобил. Затоа, не е чудно што комплексот е многу популарен на пазарот на недвижности, а цените по квадрат вртоглаво растат. Откако е завршен во 1992 година, Скршеното тркало стана хит место за домување, но и викенд одморалиште за туристите кои го посетуваат во летните месеци.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement