Фотографии од повеќето од нив може да се најдат во книги, на билборди, на постери и секако може да се видат на телевизија и на Интернет. Кога ќе се спомене еден од нив, повеќето луѓе знаат како изгледа, благодарение на фактот дека тие се неисцрпен извор на инспирација за уметниците и фотографите. Многу архитекти поминаа стотици часови во усовршување на дадено обележје, така што луѓето ширум светот се воодушевени кога ќе застанат пред нив. Сепак, колку од нив имавте можност да ги видите одозгора?
Bugdet Direct одлучи да ви даде можност да ги искусите светските градби од птичја перспектива. Пред вас е невообичаено патување по крилјата на птиците што ви носи преглед на 6 познати згради од агол што малку луѓе го познаат. Со цел да ги тргнете мислите од светската пандемија, барем за кратко време, овој тим реши да ви ги покаже убавините на човечкото творештво од една нова перспектива. Од Ајфеловата кула до Сиднејската опера, пред вас се најубавите градби во светот, чија изложба ќе ве воодушеви, уште еднаш.
ST. MERY AXE THE GHERSKIN – LONODON, ENGLAND STATUE OF LIBERTY – NEWYORK, USA THE COLOSSEUM – ROME, ITALIА SHWEDAGON PAGODA – JANGON, MIJANMAR (BURMA) EIFFEL TOWER – PARIS, FRANCE SYDNEY OPERA HOUSE – SIDNEY, AUSTRALIA
