Помеѓу зимата и пролетта, Естонија доживува прилично влажно време. Постои значително зголемување на водостојот поради топењето на снегот, па затоа поплавите не се невообичаени тука, а жителите во таква ситуација за превоз користат бродови и кануа…
Сместена помеѓу Летонија и Финска, оваа поранешна советска република сè уште е прилично непозната за многу туристи. Реално, ретко ќе слушнете како некој се подготвува за Естонија, што е штета, со оглед на тоа што оваа земја крие многу богатства и можности. Според порталот Euronews, ова се само некои од нив …
Причина број 1: Една од технолошки најнапредните земји во светот
Во однос на населението, Естонија има повеќе почетни компании од познатата американска Силиконска долина. Овде потекнува познатиот Skype, а земјата може да се пофали и со една од најдобрите интернет мрежи во светот, што ја прави погодна за дигиталните номади. Исто така, добивањето работна дозвола оди преку Интернет, така, тука бирократијата е сведена на минимум.
Причина број 2: Острови
Верувале или не, Естонија има над 2.000 острови, лоцирани на Балтичко Море. Еден од најинтересните острови е Кихну, до кој се стигнува со траект од градот Парну. Имено, островот е познат како дом на морнари и рибари, па кога ќе дојдете на него, ќе бидете изненадени најпрво од голем број жени, со оглед на тоа што мажите се скоро цел ден – на море.
Причина број 3: Мечки
За сите нас, помислата да може да наидеме на мечка е малку застрашувачка. Сепак, со оглед на естонското богатство со фауна, мечките не се невообичаени тука и можно е да се видат мајки со младенчиња во пролетните и летните месеци. Секако, има и организирани излети, за да не лутате во шумите во која управуваат мечки…
Причина број 4: Мистериозната „петта“ сезона
Помеѓу зимата и пролетта, Естонија доживува прилично влажно време. Постои значителен пораст на нивото на водата поради топењето на снегот, па затоа поплавите не се невообичаени тука, а жителите потоа користат бродови и кануа за превоз.
Причина број 5: Тарту, наклонет град
Исто како и познатата кула во Пиза, Музејот на уметност во Тарту е сместен во соодветно наречен „Крива куќа“, и тоа е така поради неговите лоши темели. Зградата е изградена во 1793 година и припаѓала на благородно семејство, но поради лошата градба наскоро започнала да тоне. За среќа, по големиот проект за реставрација, зградата престана да се распаѓа и стана дом на импресивна уметничка колекција.
