Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Поблиску до себе, поблиску до среќа: јога фестивал во Индија

Зошто Ришикеш е познат како светска престолнина на јога, е јасно на прв поглед – во секој агол од него јогата се практикува и медитира. Заедно, туристи и локални жители. Фестивалот за јога, се одржува во Пармарт Никетан Ашрам, најголемиот храм во градот опкружен со прекрасни градини во кои шетаат стотици луѓе од сите бои и националности, а предавачи се најпознатите учители по јога од целиот свет.

Програмата започнува во 4 часот наутро и трае до доцна попладне, а покрај вежбањето различни стилови на јога, таа има и духовни и физички активности како што се: пранајама, киртан, реики, пуја церемонии (прослава на молитва), сатсанг (духовен собир ), акупресура и многу други техники за лекување. Јингар јога, која е специфична по  помагалата кои се користат, како што се тули или јажиња, додека ајенгар јогата има многу истегнување што е добро за  зацврстување на  ‘рбетот.

Првата недела, додека се привикнете, како и повеќето туристи кои доаѓаат од западниот свет, можеби ќе доживеете културен шок – сообраќаен хаос, валкани улици полни со диви, напуштени кучиња кои лутаат, стуткани  крави кои преку ноќ се обидуваат да се стоплат. Но, втората недела повеќе нема се осврнувате на овие детали и ќе почнете да се фокусирате на сосема повисоки цели.

По интензивната програма на фестивалот, околината може да се истражи преку прошетки, сончање и фотографирање покрај Ганг, традиционално место за собирање и за странци и за локалното население, каде што е живо и весело во текот на денот. Илјадници луѓе се собираат таму за да се капат, медитираат, пеат, танцуваат и тапани … Исклучително е релаксирачки да ве понесе таквата атмосфера, само да седите и да впивате гласови и песни додека ветрот од реката ве лади. Во Тривена Гат, место наменето за свето капење обичајот е да се нурнете во реката за која се верува дека има лековита моќ. Како и да е,  „пливањето“  обично трае многу кратко, само неколку секунди, бидејќи реката е многу студена, но и чиста затоа што тече недалеку од изворот на Хималаите.

Како вистински турист,  посетете го и т.н храмот Битлси, поради што Ришикеш исто така стана познат низ целиот свет. Имено, квартетот од Ливерпул дојде во ашрамот на јога Махариши Махеш во 1968 година за да присуствува на напреден курс за трансцендентална медитација, а денес туристите одат на аџилак за да ги посетат куполите од трска, каде што членовите на славниот бенд медитираа и каде што наводноги пишувале повеќето од песните, за неговиот албум Битлси, попознат како Белиот албум.

Нека не ве изненадува фактот што таму е сосема нормално и секојдневно повеќе члено семејство да живее во стан од 10 квадратни метри, со балкон кој истовремено е и штанд од кој ќе купите сувенири или рачно изработен накит; стан со импровизирана кујна, покриена со најлон.

Но таму луѓето се секогаш среќни и насмеани, така што не ви останува друго освен да им се восхитувате со оглед на условите во кои живеат. Едноставно импресионира начинот на кој живеат семејствата, кои според нашите сфаќања, се многу сиромашни, но тоа воопшто не ги загрижува..

Ова патување ќе ва соочи со една друга реалност и ќе ве научи дека кога ќе излеземе од нашата комфорна зона и кога ќе се отвориме кој светот, кога ќе се соочиме со сопствените стравови и кога ќе се ослободиме од нив,  се случуваат многу убави работи. Ќе откриете дека мали чуда се случуваат секој ден, како љубовта која доаѓа на местото на стравот, а одговорите на вашите прашања доаѓаат на неверојатни начини и од неверојатни луѓе само кога ќе се „впуштите“ и ќе се предадете на моментот.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement