Пливањето во Олимпискиот базен Бонди Ајсберг е навистина посебно искуство, особено кога пливачите ги чувствуваат високите бранови од Тихиот Океан.
Жителите на Сиднеј и неговите гости бараат летно освежување на главната градска плажа – Бонди. Од 1929 година, пливачкиот клуб Бонди Ајсберг со својот олимписки базен е изграден на јужниот дел од оваа австралиска плажа.
Поточно, изградени се два надворешни базени, еден олимписки базен долг 50 метри и плиток детски базен во должина од 25 метри.
Бонди Ајсберг е дизајниран како зимски клуб за ентузијасти кои би можеле да се одржат во форма и да пливаат во постудениот дел од годината. За да обезбедат членство, поединците мораа да се обврзат да се натпреваруваат во пливање најмалку три пати месечно во период од пет години.
Пливањето во Олимпискиот базен Бонди Ајсберг е навистина посебно искуство, особено кога пливачите ќе ги почувстуваат високите бранови од Тихиот Океан.
Океанските базени се релативно вообичаени во Австралија, но Бонди Ајсберг се смета за еден од најфотографираните во светот.
