Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Ова се памети! Адреналинско возење со воз до Zip-линија долга 2545 метри

Стариот воз кој минува низ 39 мостови и 86 тунели стигнува до една од најдолгите zip-линии во светот…

Мексико е широко познат по остатоците од древните цивилизации, фасцинантната природа, совршената храна и плажите. Една од неверојатните дестинации во Мексико е секако Баранкас дел Кобре (Copper canyon), сместена на северната област Chihuahua, најголема од сите мексички сојузни држави.

Баранкас дел Кобре е витален старец, а подлабок од Големиот Кањон Колорадо; стар е скоро 30 милиони години, а нејзината големина е подеднакво фасцинантна. Се протега на 650 километри што може да се истражат на различни начини: со или без коло, па дури и на грбот на коњ. Баканскиот кањон привлекува планинари, мотоциклисти и велосипедисти, но сепак еден од најдобрите начини за запознавање на кањонот е возот што се движи од 1961 година.

Железницата Ел Чепе поминува од Лос Мокис, крајбрежен град во Синалоа, до Chihuahua. Патувањето започнува на ниво на морето од кое се качува на 2500 метри, поминува 39 мостови и 86 тунели. Погледот на нереално моќниот камен пејзаж ќе ве „залепи“ за стаклото, и секоја станица ќе ја разбуди желбата што е можно подобро да се запознае со мексиканската култура.

Планините Сиера Мадре се дом и на најдобрите светски ултрамаратонци, племето Тарахумара кои се нарекуваат себеси Рарамури (луѓе кои трчаат, или луѓе со лесни стапала) кои острат камења и карпи од кањонот како еден вид занает. Билетот за еден правец до Ел Чепе чини околу 7400 денари.

Иако не е луксузно и ги нуди само основните услови потребни за патниците, авантуристите секогаш ќе ви го препорачаат, бидејќи за оваа бројка може да се симнете три пати од возот на една од 13 станици – па дури и да спиете таму каде што најмногу ви одговара и да се запознаете областа подобро. Една од екскурзиите на кои вреди да се потроши време е секако Басасеачик, највисокиот мексикански водопад, два часа возење од градот Крил каде можете да ја истражите локалната кујна по желба.

Зависниците од адреналин секогаш застануваат на станицата Дивисадеро, не само за погледот на кањонот, туку и за една од најдолгите zip-линии во светот. Zip-линијата може да се пофали со неверојатни бројки: 2545 метри долг спуст што трае 2 минути и 20 секунди и достигнува брзина до 135 км/ч. Ако одлучите адреналинска авантура на жица, ќе треба да платите околу 3700 денари.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement